15 Мај, 2024
0.0345

Македонската апликација Bike Computer надмина 1.000.000 симнувања

Објавено во: Мои пари 27 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Македонската апликација Bike Computer, веќе и светски позната, е создадена од нашиот Иван Ивановски, млад иноватор, добро познат на стартап екосистемот во Република Македонија. Иван започнал да го осмислува целиот овој проект инспириран од немила случка, односно тежок пад на едена велосипедистка кој завршил со тешки повреди на главата, а особено го мотивирало чуството на беспомошност на велосипедисттите при несреќи. 

Оттука почнува и приказната за асистенција за безбедност при возење на велосипед, а асистент ви е вашиот паметен телефон со апликацијата Bike Computer на него.

Како тргна приказната за Bike Computer?

Основна цел на овој проект е како всушност луѓето кои што возат велосипед без разлика на дали тоа го прават професионално, како хоби или велосипедот го користат како превозно средство, да останат безбедни во текот на возењето, при различни услови на патот, на различен тип на терен и под разни околности. Користејки ги техничките достигнувања и иновации во рамки на секој паметен телефон, од типот на GPS, gyroscope, accelerometar, Иван и тимот на Bike Computer усеале да развијат iOS и Android апликација за детекција на пад од велосипед и потенцијално избегнување несреќи со трагичен исход.

Целиот проект тргнал со реализација користејќи се со сопствените ресурси и време вложено во истражувања, базирани на статистики за велосипедски несреќи, неколку месечни тестирања со велосипедисти и симулации на најчестите несреќи што велосипедистите ги доживуваат на отворен пат, планинска патека или во град. Врз основа на сите собрани податоци од истражувањата создаден е уникатен модел на апликација, а воедно и домашен иновативен производ спремен за комерцијализација и излез на глобалниот пазар. Базирано на истражувањата и анализите на пазарот како во Македонија така и во светот, тимот заклучил дека има производ, апликација, која што со дополнително инвестирање во истата, како и со поагресивна промоција може да генерира профит и да биде успешна бизнис приказна и модел на млади претприемачи и иноватори.

Целиот проект, откако бил презентиран на неколку стартап и бизнис форуми во Европа, САД и Австралија привлекол внимание кај инвеститори, таканаречени “бизнис ангели” од САД и Австралија, кои влегле уште во иницијалната фаза на реализација на проектот и делумно го капитализирале истиот со што помогнале во развојот и промоцијата на апликацијата.

Во забрзувањето и катализирањето на процесите, на развој, продукција, промоција и раст на проектот на кој сеуште се работи, допринел Фондот за иновации и технолошки развој преку минатогодишниот повик за стартапи. Со успешната апликација и добивањето на овие средства, доделени од страна на Фондот, проектот Bike Computer, се обезбеди со финансиска одржливост и јакнење на тимот кој што работи на апликацијата во секој од секторите внатре во компанијата (ios development, android development, design, marketing, sales), но освен финансиската поддршка, тимот доби и значителна додадена вредност преку менторската подршка, која што за нив била и сеуште е од непроценливо значење, имајќи во предвид дека ваквиот тип на услуги во Република Македонија во голема мера недостигаат.

Кои се резултатите?

Во овој момент Bike Computer надмина 1 милион преземања од Google Play и App Store, што е неоспорен доказ дека проектот ги оправдува вложеното време, енергија и финансии, сопствени, но и на “бизнис ангелите” и Фондот. Иван и тимот на Bike Computer успејаа да создадат производ атрактивен за светскиот пазар, и се сигурни дека постои огромен потенцијал за надградување, докапитализирање и дополнителен раст на апликацијата, кои се единствен предуслов за успешно реализирање на проектот и потенцијален влез или преземање на истиот од страна на големи инвеститори од фитнес индустријата кои будно го следат подемот на оваа апликација.

Како понатаму?

Иван предвидува континуиран раст на бројот на преземања на апликацијата и во 2019 година. Таргет за бројот на преземања за 2019 година, во однос на 2018 година е надминување за над 300%, кој е реален и одржлив имајќи ја во предвид моменталната динамика на раст на апликација на светскиот пазар. Иван и тимот Bike Computer, остануваат континуирано посветени на развој на апликацијата, а успехот напаравен во 2018 година е сатисфакција и дополнителен поттик за продолжување на преговарите со инвестициски фондови и компании заинтересирани за апликацијата, кои би овозможиле кревање на проектот на едно скалило погоре и продолжение на успешната приказна на овие млади иноватори и лидери во стартап екосистемот.

Можеби ќе ве интересира

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година