05 Декември, 2025
0.2229

Македонската берза без втор извршен директор

Објавено во: Економија 15 Јануари, 2013 11:32

Добивај вести на Viber

Во услови на влошен пазарен и деловен амбиент во кој работи берзата во последните неколку години и неповолната финансиска состојба на друштвото, се наметнува потребата од намалување на бројот на извршни членови на Одбор на директори, заради рационализација на расходите на Берзата. Затоа наместо девет Македонската берза отсега ќе има осум членови на Одборот на директори. Со одлуката за измени и дополнувања на Статутот на Македонската берза се укинува функцијата втор извршен член на Одборот на директори со што отсега одборот ќе биде составен од седум неизвршни и еден извршен член.

Со тоа извршниот член на Одборот на директори ќе биде главен извршен директор на Македонската берза и тој ќе ги извршува сите овластувања кои досега ги вршеше вториот извршен директор.

Одлуката за измени и дополнувања на Статутот на Македонската берза беше одобрен на вчерашната седница на Комисијата за хартии од вредност.

На седницата, Комисијата за хартии од вредност даде согласност и за Одлуката за измени и дополнувања на Правилата за работа на Централниот депозитар  за  хартии од вредност. Со  измените се воведуваат одредени процедури, кои досега не биле утврдени во правилата за работа, кои  се дел од секојдневното работење на Депозитарот. Измените се воведуваат на барање на членките на Депозитарот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?