Македонската компанија „Настел“ е финалист за престижната меѓународна награда Оскари за градежништво 2020
Објавено во: Економија 23 Септември, 2020
Македонската градежна компанија „Настел“ е финалист на престижниот натпревар за луксузна градба, архитектура и дизајн, што ќе се одржи на 30-ти септември во Софија – Оскари за градежништво 2020. Настел е номинирана со објектот Настел Бизнис центар во Скопје, проект за кој оваа компанија беше наградена и во 2019 година со признание кое го додели претседателот Стево Пендаровски за компании кои имаат особен интерес за економијата на државата.
Во бугарските медиуми „Настел“ се презентира како една од најуспешните градежни компании на Балканот. Оваа компанија практично влезе во трка за наградата на десеттото јубилејно издание на Оскарите за градежништво 2020. „Настел“ е претставена како компанија што со години добива меѓународни и национални признанија. Луксузниот проект на „Настел“ впрочем се наоѓа во срцето на метрополата. Станува збор за објект кој обезбедува ефикасност и пријателско работно опкружување. Канцелариската зграда е од класа А, има ефикасен дизајн и високо техничко ниво на спецификација, како и сите градежни брендови од светска класа. Една од главните карактеристики на зградата е неговата флексибилност и прилагодливост кон потребите на станарите, со можност и за отворен план и за мобилни простори во согласност со највисоките стандарди.
Вкупната корисна деловна површина од 8.650 квадратни метри и е поделена на 5 нивоа, а комерцијалната површина од 1.330 квадрати се наоѓа на приземјето на зградата. Има и две подземни нивоа за паркирање.
Гала-вечерта, која ќе ги почести лидерите во градежната индустрија, ќе заврши со добротворна аукција со слики од стари мајстори за поддршка на СОС Детски села Бугарија.
Претходни добитници на престижната Luxury Property Awards се најголемите и најуспешните градежни компании не само од Бугарија, туку и од Европа.
Настел Скопје е градежна компанија основана во 2002 година и со посветена работа стана лидер на домашниот пазар. Бугарските медиуми објавуваат дека зградите на компанијата се доказ за сигурноста, квалитетот, брзината на градење и професионалноста. Со стекнатото искуство од 40 завршени проекти во Скопје, Настел постојано го подобрува квалитетот и поставува нови трендови во градежништвото во Северна Македонија.
Основач на компанијата е Еуро Суис Кредит АГ и Алпина. Со реални средства од 60 милиони евра, без никаков долг кон банка и добавувач Настел е финансиски моќна компанија која проектите ги финансира без надворешни извори.
А.Т.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.