15 Мај, 2024
0.0266

Македонската компанија Новафин создаде мрежа на компании за полесен пласман на пазарот

Објавено во: Мои пари 16 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Македонската компанија Новафин Груп, разви систем за полесен пласман на пазарот на различни производи. Создавајќи мрежа на компании, Новафин ја помага и поддржува нивната дистрибуција и промоција на домашниот а преку својата дејност во Србија и Црна Гора, и на регионалните пазари.

„Како млада компанија што почнува да се развива од сам почеток, без да се потпира на какво било претходно искуство или капитал, за релативно краток период успеавме да обезбедиме стабилна позиција на пазарот во Република Македонија. Наидувајќи на многу препреки при пласманот на пазарот, дојдовме до решение како да настапуваме заеднички или како група. Со помош на наша логистика, овие компании кои што се наши партнери добиваат можност за пласман на пазарите, дистрибуција и промоција“, вели Давор Настевски, Генерален менаџер на Новафин Груп.

Специјализирана за увоз-извоз и дистрибуција на производи за широка потрошувачка, Новафин Груп се јавува и како производител на македонски производи кои потоа ги пласира на регионалните пазари.

„Бележиме постојан раст и денес Новафин Груп е компанија која обезбедува врвни услуги во областа на производството, дистрибуцијата, логистиката на домашниот но и на регионалните пазари. Досегашниот успех се должи, благодарение на стручната експертиза на локалниот тим покажувајќи максимална ефикасност и ефективност во работењето, професионалната, техничка и know-how поддршка“, вели  Давор Настевски, Генерален менаџер на Новафин Груп.

Брендовите Mr. Spice додаток за готвење, Mollis хартиени салфетки и бришачи и кроасаните Le Baffeto што Новафин Груп ги пласира на пазарите се произведени од македонски производители со што преку партнерскиот однос се помага разбојот и на останатите компании. Со тенденција за раст и развој компанијата за брзо најавува проширување на производното портфолио како и дистрибутивниот асортиман и мрежа.

Новафин Груп на македонскиот пазар постои од 2012 година а препознатливоста со која се одвојува од конкурентите е широката дистрибуција на производите до сите продажни центри на големо и мало во земјата.

Можеби ќе ве интересира

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година