19 Декември, 2025
0.1766

Mакедонски производи ќе се извезуваат во Алзас?

Објавено во: Економија 21 Јуни, 2016 18:42

Добивај вести на Viber

Нашите компании ќе имаат можност за извоз на своите производи во регионот Алзас во Франција.

Делегација од Алзас е во посета на Македонија со цел унапредување на економската соработка на регионално ниво меѓу двете земји. Соработка може да се развие во областа на туризмот, ИТ, енергетскиот сектор, машинската, електроиндустријата, текстилната индустрија и слично.

Француската амбасадорка во земјава, Лоренс Оер истакна дека соработка меѓу компании од Македонија и од Алазас била остварена пред две години во рамките на проектот „Патот на виното“, при што се промовираа вина од Алзас во Македонија и македонските вина таму.

„По првичното запознавање, очекуваме да воспоставиме контакти со компаниите за конкретна соработка и да ги пречекаме во нашиот регион“ – изјави заменик претседателот на Агенцијата за промоција на регионот Алзас, Мари Рен Фишер.

Во првиот квартал, извозот во Франција изнесува 8,3 милиони долари, а увозот 33 милиони долари. Трговската размена меѓу двете земји е 41,3 милиони долари, а Франција е 23- ти трговски партнер на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд