„Македонски шуми“ ќе истури милиони за сечење и превоз на дрво од приватници
Објавено во: Економија 15 Април, 2019 06:59
Јавното претпријатие „Македонски шуми“ во 2019 планира да потроши 532 милиони денари или безмалку 9 милиони евра во рамковни спогодби со економски оператори за сеча, дотур и превоз на дрво.
Во отворена постапка според планот за јавни набавки предвидени се 328 милиони денари за услуги - сеча со дотур и 205 милиони денари за услугата превоз со утовар и растовар на дрво.
Ова се убедливо најголемите ставки на претпријатието кое работи со околу 30-тина подружници и 2.200 вработени и во планот за јавни набавки планира да потроши вкупно 860 милиони денари. Двете најголеми услуги се убедливо „најскапи“ од предвидените за оваа година, а по нив следуваат тендерите за стоки, односно за набавка за делови и гуми за машините и возилата за кои треба да се потрошат околу 40 милиони денари.
За сечата со дотур на дрво веќе е објавен огласот на 9 април а понудите ќе се прибираат до почетокот на следниот месец, додека за превозот на 5 април се донесени одлуки за склучување на договори со десетици приватни оператори.
ЈП „Македонски шуми“ во 2017-та за овие услуги потрошила 285 милиони денари, додека во 2016-та за сеча, дотур и превоз трошокот бил 350 милиони денари.
Овие расходи имаат второ најголемо учество во трошоците на ова претпријатие по бруто-платите на вработените кои секоја година изнесуваат по околу 700 милиони денари.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




