18 Октомври, 2024
0.0632

Македонски Телеком креираше иновативно решение за телемедицина, единствено во регионот

Објавено во: Мои пари 18 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком креираше иновативно решение -  систем за далечинско набљудувањена состојбата на пациентите. Ова е единственото решение со телемедицина не само во земјата, туку и во регионот. Системот за здравствено-социјални услуги на локално ниво ги следи виталните здравствени параметри, коишто се пренесуваат во реално време до централна  станица за надгледување поставена во докторските ординации. На овој начин пациентите добиваат многу подобра дијагностика и третман без да го напуштат својот дом. Ова е идеално решение за повозрасните пациенти коишто не живеат во урбани средини и немаат лесен пристап до здравствени установи, како и за лицатасо попреченост.


„Телемедицината е нова област во која се користи врвна технологија за здравствени услуги на далечина. Денес, во време на целосна поврзаност, правиме голем чекор напред - го користиме целиот потенцијал на нашата експертиза и технолошки капацитети за потребите на граѓаните. Горди сме што сме пионери во регионот и што создадовме решение со кое на граѓаните  ќе им пружиме подобра нега и поквалитетен живот.“ – изјави Марјан Богатиновски, Главен комерцијален директор за деловни корисници на Македонски Телеком.

Решението е имплементирано во првата пилот Општина Делчево, во пет здравствени установи, со исклучителни резултати. За краток временски период тоа им овозможи на матичните лекари да ја подобрат иницијалната терапија и дијагноза, како и на време да дијагностицираат прединфарктни состојби, што директно влијае на спасувањето животи.  

Проектот е реализиран во рамките на програмата BACID (Градање административни капацитети во Дунавскиот регион), со финансирање од Австриската развојна агенција  и имплементиран од Австриската асоцијација на градови иKDZ (Центарот за истражувања за јавна администрација), во соработка со NALAS  (Мрежата на асоцијации на локални власти во Југоисточна Европа).

„Примената на овој здравствено-социјален сервис ја зајакнува социјалната кохезија преку негување на чувството за грижа и вклучување на исклучените граѓани. Тој ја намалува изолацијата и воспоставува врска со здравствениот систем, промовирајќи достоинство и независно живеење и покрај предизвиците со подвижноста на повозрасните лица во руралните области.“- изјави Јана Белчева Андреевска од NALAS.

Решението за телемедицина е корисна алатка за подобра дијагностика, поефикасно лекување и унапредување на терапиите. Иновативното решение коешто се применува во Општина Делчево има потенцијал да се користи насекаде каде што е потребно далечинско следење на виталните параметри, вклучително и во амбулантните возила на Брза помош. Со поширока примена на ова решение значително ќе се подобри здравствената грижа и квалитетот на живот на повозрасната популација во земјата.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Штедете паметно, искористете ги новите атрактивни каматни стапки на вашиот депозит со СТББТ

Штедете паметно, искористете ги новите атрактивни каматни стапки на вашиот депозит со СТББТ

„Здраво, јас сум Бести, со мене никогаш повеќе не си сама!“: dm започна со поставување диспанзери со хигиенски влошки на сите државни универзитети во Македонија

„Здраво, јас сум Бести, со мене никогаш повеќе не си сама!“: dm започна со поставување диспанзери со хигиенски влошки на сите државни универзитети во Македонија

Божиновски часовници добитник на награда за бонитетна успешност на церемонијата „Бизнис Лидер“

Божиновски часовници добитник на награда за бонитетна успешност на церемонијата „Бизнис Лидер“

КОМПАНИЈАТА ЗЕГИН Е ДЕЛ ОД НАЈУСПЕШНИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ДЕЛОВЕН СВЕТ

КОМПАНИЈАТА ЗЕГИН Е ДЕЛ ОД НАЈУСПЕШНИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ДЕЛОВЕН СВЕТ

Македонија2025 и Џонсон Мети го организираа петтиот регионален Саем за наука

Македонија2025 и Џонсон Мети го организираа петтиот регионален Саем за наука

ПО 6 НЕДЕЛИ ПРЕСТОЈ НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА, МАЛАТА ИНАЈА ЗАМИНА ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО

ПО 6 НЕДЕЛИ ПРЕСТОЈ НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА, МАЛАТА ИНАЈА ЗАМИНА ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО

Родовата пристрасност им штети на нашите млади и на целото општество - да се ослободиме од стереотипите

Родовата пристрасност им штети на нашите млади и на целото општество - да се ослободиме од стереотипите

СинтЕЗа: Мултимедијален настан на Халкбанк кој ќе ги обедини младите умови и уметници од седум факултети

СинтЕЗа: Мултимедијален настан на Халкбанк кој ќе ги обедини младите умови и уметници од седум факултети

Уникатно искуство: Светот на Defender во off-road ритам на џезот

Уникатно искуство: Светот на Defender во off-road ритам на џезот