18 Октомври, 2024
0.0250

Уникатно искуство: Светот на Defender во off-road ритам на џезот

Објавено во: Мои пари 18 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Во чест на смелата синергија со 43-от Скопски џез фестивал, на денот на отворањето беше изложен Defender 110, наменски избран за оваа пригода, подготвен да го „зграпчи невозможното“ и да одговори на сензибилитетот на посетителите.

Жесток, мускулест, црн со големи сјајни тркала, како контратежа на бруталистичките линии на објектот, Defender во живо креира неповторливо искуство. Во внатрешностасо темна премиум кожа, со панорамски покрив, и иновативен систем за звук Meridian што севкупно совршено одговара за преслушување на секоја фуриозна џез импровизација.

Авантурата, слободата и истражувањето го дефинираат Defender и карактерот на неговите почитувачи, а воедно и вљубениците во џезот, публика со истенчен музички вкус, која бара бегство од конвенционалното.

Комплетно во линија со модерниот луксуз и тежнеењето кон создавање доживувања кои допираат до немирниот дух на овие несопирливи ентузијасти, поврзувањето со џезот донесе импресивно доживување.

Единствена можност да нурнат во светот на авантуристичката британска марка и во ритамот на џезот имаа сопствениците и пријателите на Defender и Аутомобили Гроуп, ден пред официјалниот почеток на Скопскиот џез фестивал.

Настанот се одржа во меката на скопскиот модерен џез, кафулето Филхармонија, каде гостите можеа да уживаат во уникатното искуство за сите сетила.

За музичкиот перформанс беше задолжен еминентниот мултимедијален музичар Џијан Емин со The New Jazz Messengers. Секогаш трудејќи седа наметне нова звучна естетика, се претстави со авторска џез музика, носејќи ги присутните на вонсериско емотивно музичко патување.

Исклучителното кулинарско доживување само ја надополни оваа магична џез приказна. Свежи локални производи, врвно подготвени според најдобрите рецепти од светската кујна, беа послужени на уникатен начин во комбинација со најквалитетните вина на овие простори, за да комплетираат оптимални услови за размена на автентични искуствана присутните со нивниот Defender длабоко во ноќта. 

Дознајте повеќе за Defender: https://macedonia.landrover.com/defender/overview

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Штедете паметно, искористете ги новите атрактивни каматни стапки на вашиот депозит со СТББТ

Штедете паметно, искористете ги новите атрактивни каматни стапки на вашиот депозит со СТББТ

„Здраво, јас сум Бести, со мене никогаш повеќе не си сама!“: dm започна со поставување диспанзери со хигиенски влошки на сите државни универзитети во Македонија

„Здраво, јас сум Бести, со мене никогаш повеќе не си сама!“: dm започна со поставување диспанзери со хигиенски влошки на сите државни универзитети во Македонија

Божиновски часовници добитник на награда за бонитетна успешност на церемонијата „Бизнис Лидер“

Божиновски часовници добитник на награда за бонитетна успешност на церемонијата „Бизнис Лидер“

КОМПАНИЈАТА ЗЕГИН Е ДЕЛ ОД НАЈУСПЕШНИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ДЕЛОВЕН СВЕТ

КОМПАНИЈАТА ЗЕГИН Е ДЕЛ ОД НАЈУСПЕШНИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ДЕЛОВЕН СВЕТ

Македонија2025 и Џонсон Мети го организираа петтиот регионален Саем за наука

Македонија2025 и Џонсон Мети го организираа петтиот регионален Саем за наука

Родовата пристрасност им штети на нашите млади и на целото општество - да се ослободиме од стереотипите

Родовата пристрасност им штети на нашите млади и на целото општество - да се ослободиме од стереотипите

ПО 6 НЕДЕЛИ ПРЕСТОЈ НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА, МАЛАТА ИНАЈА ЗАМИНА ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО

ПО 6 НЕДЕЛИ ПРЕСТОЈ НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА, МАЛАТА ИНАЈА ЗАМИНА ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО

СинтЕЗа: Мултимедијален настан на Халкбанк кој ќе ги обедини младите умови и уметници од седум факултети

СинтЕЗа: Мултимедијален настан на Халкбанк кој ќе ги обедини младите умови и уметници од седум факултети

Македонски Телеком креираше иновативно решение за телемедицина, единствено во регионот

Македонски Телеком креираше иновативно решение за телемедицина, единствено во регионот