РОДИ МЕ МАЈКО ДИРЕКТОР ВО БАНКА... - се бира нов член на Надзорен одбор во ЦКБ, ќе зема надомест од 1.500 евра месечно
Објавено во: Финансии 17 Октомври, 2024 12:33
Централна кооперативна банка ќе одржи вонредно Собрание на акционерите, а на неа, како точка на дневен ред се става именување на член на Надзорниот одбор на банката.
Засега не е обзнането името на членот на ова високо тело во ЦКБ, но затоа она што се знае е дека тој ќе зема надоместок од 1.500 евра.
Имено, на 19 следниот месец ќе се одржи вонредно Собрание на акционери на банката, а на него како единствена точка ќе биде ставена Одлука за именување член на Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка.
Местото за тоа кој ќе биде избран на ова место засега е празно, а веројатно за својот избор банката ќе информира после одржувањето на акционерското Собрание.
Новиот член на Надзорниот одбор ќе биде именуван со мандат во траење од четири години, откако претходно ќе добие согласност од гувернерот на Народна банка на Македонија.
„За лицето се определува надомест за учество во работата на Надзорниот одбор, во износ од денарска противвредност на 1.500 евра по среден курс на НБРСМ на денот на исплатата“, се вели во предлог одлуката за која треба да гласаат акционерите.
А, во своето образложение зошто се свикува ова вонредно собрание за да се избира нов член на Надзорен одбор, банката наведува дека причина е што престанал мандатoт на еден од членовите на Надзорниот одбор на Банката, поради поднесена оставка.
„Имајќи ја во предвид обврската на Банката за одржување на бројот на членови на Надзорниот одбор утврдени во Статутот, Собранието на акционерите на ЦКБ АД Скопје одлучи како во диспозитивот на оваа одлука“, се вели во образложението за тоа зошто се бира нов член на Надзорниот одбор.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





