18 Октомври, 2024
0.0279

Родовата пристрасност им штети на нашите млади и на целото општество - да се ослободиме од стереотипите

Објавено во: Мои пари 18 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Иако навидум живееме во модерен и отворен свет, родовите стереотипи сè уште влијаат врз животите на младите луѓе, продолжуваат да го ограничуваат нивниот потенцијал и да го искривуваат нивното чувство за идентитет. Овие штетни идеи за родовите улоги не само што го ограничуваат личниот раст, туку создаваат и бариери кои ги спречуваат младите целосно да се вклучат во образованието, во слободниот избор на кариера и социјален живот.

Кога младите момчиња се учат дека покажувањето емоции е знак на слабост, или кога на младите девојки им се кажува дека не им одговараат лидерски улоги, овие пораки стануваат вкоренети верувања коишто ја поткопуваат самодовербата и амбициите на една цела генерација. А она што им е потребно на младите за да се развиваат здраво е поттик на нивната креативност и индивидуалност.

Но, стереотипите не запираат само на лично ниво - тие имаат многу поширок ефект врз целото наше општество. Кога на децата и тинејџерите им се ускратува можноста да се изразат слободно, веројатноста е мала тие да станат иновативни и проактивни граѓани, со што се ослабува структурата на нашите заедници и ги поткопува демократските вредности.

Затоа, прекинувањето на овие циклуси на родова нееднаквост и штетни стереотипи е клучно за градење фер, инклузивно општество.

Со цел да направи уште еден чекор кон справување со овој растечки предизвик, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, со поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија, неодамна ја започна националната кампања „Во ист ритам“. Ова е иницијатива за подигање на јавната свест чија цел е да ги предизвика родовите стереотипи и да промовира еднаквост меѓу младите.


„Преку оваа кампања сакаме да покажеме дека момчињата и девојчињата не се дефинирани со стереотипите за родовите улоги, напротив, тие се еднакви во секоја сфера од животот, способни рамо до рамо да ги остварат своите соништа и цели. Целта е да ги инспирираме младите луѓе да се ослободат од ограничувачките стереотипи и да препознаат дека имаат моќ да формираат поинклузивно и поправедно општество. Заедно можеме да продолжиме напред, во ист ритам, кон иднина каде што сечии потенцијали се вреднуваат подеднакво, бидејќи еднаквоста не е привилегија за неколкумина, туку право на сите“, велат од ХЕРА.

Од организацијата посебно ја нагласуваат важноста од препознавањето на индивидуалната посебност во обединувањето и заедничката потрага по еднаквост, како што гласи и нивната порака „Во ист ритам, различни, но со иста цел - еднаквост за сите!“

„Се надеваме дека пораките од кампањата ќе ги предизвикаат нашите сограѓани да размислат за предрасудите и верувањата за родовите улоги, што ќе поттикне конструктивни разговори во домовите, училиштата и заедниците, инспирирајќи поинклузивно општество за идните генерации“, додаваат од ХЕРА.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Штедете паметно, искористете ги новите атрактивни каматни стапки на вашиот депозит со СТББТ

Штедете паметно, искористете ги новите атрактивни каматни стапки на вашиот депозит со СТББТ

„Здраво, јас сум Бести, со мене никогаш повеќе не си сама!“: dm започна со поставување диспанзери со хигиенски влошки на сите државни универзитети во Македонија

„Здраво, јас сум Бести, со мене никогаш повеќе не си сама!“: dm започна со поставување диспанзери со хигиенски влошки на сите државни универзитети во Македонија

Божиновски часовници добитник на награда за бонитетна успешност на церемонијата „Бизнис Лидер“

Божиновски часовници добитник на награда за бонитетна успешност на церемонијата „Бизнис Лидер“

КОМПАНИЈАТА ЗЕГИН Е ДЕЛ ОД НАЈУСПЕШНИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ДЕЛОВЕН СВЕТ

КОМПАНИЈАТА ЗЕГИН Е ДЕЛ ОД НАЈУСПЕШНИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ДЕЛОВЕН СВЕТ

Македонија2025 и Џонсон Мети го организираа петтиот регионален Саем за наука

Македонија2025 и Џонсон Мети го организираа петтиот регионален Саем за наука

ПО 6 НЕДЕЛИ ПРЕСТОЈ НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА, МАЛАТА ИНАЈА ЗАМИНА ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО

ПО 6 НЕДЕЛИ ПРЕСТОЈ НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА, МАЛАТА ИНАЈА ЗАМИНА ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО

СинтЕЗа: Мултимедијален настан на Халкбанк кој ќе ги обедини младите умови и уметници од седум факултети

СинтЕЗа: Мултимедијален настан на Халкбанк кој ќе ги обедини младите умови и уметници од седум факултети

Уникатно искуство: Светот на Defender во off-road ритам на џезот

Уникатно искуство: Светот на Defender во off-road ритам на џезот

Македонски Телеком креираше иновативно решение за телемедицина, единствено во регионот

Македонски Телеком креираше иновативно решение за телемедицина, единствено во регионот