29 Септември, 2024
0.0321

Македонскиот берзански индекс на дното во ЦИЕ

Објавено во: Анализа 05 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Македонскиот MBI 10 продолжува да бележи пад, можеби помал во споредба со оној во март но не многу. Македонскиот MBI 10 избриша уште 3%, откако во март изгуби 5 отсто од својата вредност. Со вакви резултати се најде на втората најлоша позиција во рангирањето за Централна и Источна Европа. Зад над македонскиот е само главниот украински индекс PFTS кои за разлика од македонскиот овој месец влезе во корекција. На трето место но одзади е водечкиот индекс на Бугарска берза - SOFIX, кој се врати на патот на растот во март, но тоа беше за кратко. Во април тој слегува во рангирањето за регионот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Во месецот кој помина берзанската мерка се позиционираше на 17-та позиција на листата во регионот. SOFIX излегува третиот најлош берзански индекс по индексите на Украина и Македонија откако изгуби 2,22% од својата вредност до 502,70 поени. Всушност, заедно со чешкиот репер PSE четирите берзи се единствените кои го испраќаат месецот на црвена територија. Од вкупно 19 индекси, цели 15 го испраќаат април со унапредувања. Пет од нив запишуваат раст од над 6%. Од почетокот на годината пазарите во ЦИЕ се претставуваат како "контроверзни". "Поголемиот дел од пазарите забележаа значителни растови поддржани од позитивното економско закрепнување во светот и особено - во Европа, и од програмата на Европската централна банка за печатење пари", коментираат аналитичарите. "Во исто време имаше неколку пазари, кои, покрај овие поволни фактори, забележаа падови како Казахстан, Грција и Украина. Кај нив повеќе локални фактори натежнаа и доведоа до двоцифрени падови и тоа само во рамките на едно тримесечје ", додаваат тие. Единствениот индекс со двоцифрен раст во текот на месецот е главниот индекс на берзата во Унгарија. BUX го испраќа месецот со раст од околу 15 отсто. Показателот е и со најдобри перформанси од почетокот на годината. За периодот до 30 април тој расте со 36%. Во април Централната банка на Унгарија ја намали основната каматна стапка на рекордно ниски 1,8% и сигнализираше дека претстојат уште намалувања. Финансискатљ институција го презеде овој чекор како одговор на дефлацијата и поскапувањето на форинтите. Така банката се приклучува на другите во регионот на ЦИЕ, кои ја намалија каматата, за да ги зауздаат поскапувањата на своите валути. Вториот најдобро претставувачки пазар на капитал е оној на Казахстан. Со месечен раст од 7 отсто KASE се искачува напред во месечниот пласман, но од почетокот на годината е надолу со близу 9%. Ова го претвора во најлош индекс, гледано од почетокот на годината. Топ 5 на индексите со најголеми растове во април ги дополнуваат пазарите во Романија, Турција и Грција. slika berzi Во табела подолу се прикажани резултатите споредбено за сите 19 земји опфатени во рангирањето. На листат редоследно по името на индексот се забележани оставарените рзултати од декември 2014, март 2015 и април 2015 година, по што се запишани промените направени во април и на крај се податоците за промените од почетокот на годината. К.К.