„МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ПРВ ОФИЦИЈАЛЕН ЈАЗИК НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ПОТОА СЛЕДАТ ДРУГИТЕ“: Костадиновска Стојчева вели дека Гаши го прекршил духот на мултиетничноста

Објавено во: Македонија 29 Мај, 2024 13:58
Пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска – Стојчевска на социјалните мрежи реагираше на свечената изјава на новоизбраниот претседател на Собранието, Африм Гаши и на фактот што целата церемонија прво се водеше на албански, а дури потоа на македонски јазик.
„Новиот Претседател на Собранието на Република Северна Македонија го прекрши духот на мултиетничноста на нашата држава, но и духот на Уставот и на Законот за употреба на македонскиот јазик при давањето на свечената заклетва за време на конститутивната седница на новиот собраниски состав.
Истото го стори и претседавачката на конститутивна седница на Собранието, пратеничката Мерита Колчи Коџаџику.
При тоа, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ од тесно-коалициони и тесно-партиски причини немаа ни капацитет, ни причина, ни порив да помислат спротивно на ваквиот анти-македонски чин.
Зошто е скандалозно свечената заклетва да се дава прво на албански, а потоа на македонски јазик?
01. Затоа што македонскиот јазик е првиот официјален јазик на Северна Македонија, а потоа следат другите, не помалку важни јазици, но утврдени со Устав согласно процентуалната застапеност на граѓаните кои го зборуваат.
02. Јазикот не е и не може да биде личен или етнички механизам за политичко поентирање – јазикот е средство за службена и друг тип комуникација.
03. Претседател на Собрание може да биде и етнички Албанец, и етнички Македонец и било кој друг пратеник за кој владејачките партии ќе се договорат, но прв официјален јазик во Северна Македонија е македонскиот јазик.
04. Единствен официјален јазик за меѓународна употреба е македонскиот јазик – сигурна сум дека денешната конститутивна седница има и силен меѓународен одек.
При тоа, потсетувам дека Гаши не е првиот претседател Албанец на Собранието на Северна Македонија. Тоа претходно во два наврати беше Талат Џафери и тој не го повреди духот на македонскиот Устав и заклетвата ја даде пред сѐ на македонски јазик.
Потсетувам и дека Вулнет Старова, Албанец е последниот претседател на делегатското собрание на Социјалистичка Република Македонија. На таа функција беше избран на конститутивната седница на Собранието од четвртото делегатско свикување на 28 април 1986 година, кога беа избрани и новите состави на Претседателството и на Извршниот совет на Социјалистичка Република Македонија. Функцијата ја извршуваше до 8 јануари 1991 година, кога беше конституирано првото повеќепартиско собрание, каде се говореше исклучиво на македонски јазик.
Покрај македонскиот јазик, втор официјален јазик е албанскиот, но нема полоша политика од тоа јазиците да ни станат методи за политичка пропаганда. Затоа, да се почитуваме, да си ги почитуваме Уставот, државата, законите, различностите и особеностите“, напиша таа.
Можеби ќе ве интересира
ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАР: Ученици нападнале вработена во училиште

ВЕЛИ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ИСТОРИСКИ МОМЕНТ: Николоски кажа кога ќе го потпишат Договорот за стратешко партнерство со Британија

„ДЕНОВИВЕ ЌЕ СЕ ЗНААТ ИМИЊАТА НА МИНИСТРИТЕ И ЗАМЕНИК МИНИСТРИТЕ“: Касами за прегрупирањата, „Влен“ и официјално една партија

ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЃОРЃЕ ИВАНОВ ЌЕ РАБОТИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА - еве каков меморандум беше потпишан

„РЕШЕНИ СМЕ ДА СЕ СПРАВИМЕ СО КРИМИНАЛНИТЕ БАНДИ И ДА ГИ НАПЛАТИМЕ СИТЕ ДВАЧКИ КОН ДРЖАВАТА“: Николовски вели поднеле 85 кривични пријави

ПО ЗАМИНУВАЊЕТО НА ТАРАВАРИ: Еве ја пратеничката група на ВЛЕН

РОКОТ Е ШЕСТ МЕСЕЦИ, ПОТОА ЌЕ ВАЖАТ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Датум за старт на новите правила за влез во ЕУ, се уште не е познат

НА НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ПРЕД ИЗБОРИ, ИЗМЕНИ ВО ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК: Уставен укина два члена, еве кои се тие

МАТУРАНТ ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО СТРУМИЦА: Се чека обдукцискиот наод
