22 Ноември, 2024
0.0261

МАКЕДОНСКИОТ КОСТЕН ИМА ИДНИНА: Полицијата да ги спречи кражбите во тетовско

Објавено во: Агробизнис 22 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Цената на  костенот се зголеми, од собирање на костени може добро да се заработи, но сопствениците бараат помош од државата во повеќе сегменти.

Откупната цена на големо оваа година беше 50 до 60 денари, цена која е добра, но проблем е што во тетовско има голем број на кражби на костен со кои граѓаните сами не можат да се справат.

Сашо Матовски од Институтот Бела Виста раскажува дека тој поседува повеќе од 30 декари костенови стебла кои се засадени од неговите предци во минатото и тоа во атарите на селата Беловиште и Јелошник. Како претседател на здружението вели дека  ги застапуваат нивните членови кои ако ги сумираат ке произлезат 100- тина хектари во атарите на Старо село, Вратница, Беловиште, Доброште, Јелошник, Брезно, Лешок, Варвара, селата таканаречени Сој, Лавце, Боговиње и други. Но, исто така имаат и членови од Ново Село, струмичко на Беласица.

„Миграцијата и старењето на населението ги запостави сопствените костенови насади, а младите беа помалку заинтересирани, впрочем собирање на костеновите плодови не е баш лесно. Но, се забележува интерес повторно од населението, пред сè поради порастот на цената како на нашите пазари, секако тоа е светска тенденција,  поради фактот што костенот сè помалку го има, предизвикано од болеста рак на кората. Болеста рак на костеновата кора е предизвикана од габичката Cryphonectria (Endothia) parasitica поради која костенот постепено го снемува од нашите шуми. Поточно, ако е нападнат од оваа болест, костенот едноставно се суши! Но, костеновите шуми покрај заразните болести имаат посериозни непријатели поготово во шарпланинскиот регион, а тоа се  дивокрадците кои пред сè ги сечат најздравите и правите стебла, баш оние кои на сопствениците на катастарските површини би можеле да им дадат плодови со кои би обезбедиле егзистенција. Во последните години рапидно се намалуваат костеновите шуми, во некои предели веќе скроз исчезнаа.  Сопствениците покрај овие закани се соочуват со сè поголема кражба со бесправно собирање на костените на нивните посеви од натрапници кои уште им се закануваат и им бараат поседовен лист со изговор дека костените се на општествена површина, додека ние со сигурност од нашата анализа можеме да докажеме дека костеновите насади на Шара се наоѓаат на приватни посеви, само еден мал микро дел има над Тетово, во пределот над расадиште. Рековме поради сèпоголема цена и побарувачка на костеновиот плод кај костено поседувачите се враќа интересот за нивно собирање, меѓутоа се оневозможени од натрапниците  кои пристигнуваат со возила од подалечните општини, како Сарај“ – вели Матовски.

Костенот како плод сè повеке зазема место на најрентабилна и најприходна култура. Поради изнесените факти  во иднина сè повеке ќе расте цената и со гаранција ке има побарувачка.

„Впрочем костенот е најеколошкиот производ кој во целиот негов репродуктивен процес како плод е заштитен со неколку обвивки. Исто така да истакнеме дека костенот покрај што е плодоносно воедно е и медоносно растение, а костеновиот мед е вистински еликсир и многу значаен за многу заболувања. Поради неговата севкупна значајна употреба и зголемената побарувачка и повеке од рентабилна цена ние како Институт за Одржлив Рурален Регионален Развој, лобираме, ги застапуваме нашите членови и нудиме решение за заштита на питомиот костен и негово обновување со доделување на мерки и програми за субвенционирање и регулирање на откупот на костенот  и заштита на костено поседувачите од дивокрадците и дивоберачите. Годинава поради настаната суша уште повеке се десеткуваше очекуваниот род и од нашата анализа годинава беше најзастапена неговата берба како од сопствениците така и од натрапниците. Неговата цена за откуп се движеше најмалку 50 денари со учество на многу откупувачи кои се надмудруваа како да дојдат до некоја количина повеке“ – додава Матовски.

Матовски вели дека највеќе од костенот заработуваат препродавачите. Македонскиот костен завршува во фабриките во Италија.

„Нашиот костен пред сè, се собира и се носи за Италија за потребите на фабриките, поради немање на стратегија за негова селекција и опаковка, и поготово оваа година од наши извори се извезени 400 тони, што ни дава за право да препоставиме дека цената на кратко на нашите пазари ќе се зголеми во мало продажбата повеке од 250 денари или четири евра, што значи ќе се изедначивме со европските пазари“ – вели Матовски.

Според него,  државата најповеќе може да помогне, а впрочем само со државна поддршка може да се надминат проблемите почнувајќи од болеста како и дивеењето со зголемени контроли и нивно санкционирање, но и изготвување на стратешки документи од кои ке произлезат мерки,  програми и законски подзаконски акти за регулирање.

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИЛА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА – се сади се помалку и помалку

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИЛА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА – се сади се помалку и помалку

СЕ СНАОЃААТ КОЈ КАКО ЗНАЕ И УМЕЕ: Производителите брзаат да ги продадат јапонските јаболка

СЕ СНАОЃААТ КОЈ КАКО ЗНАЕ И УМЕЕ: Производителите брзаат да ги продадат јапонските јаболка