Македонскиот организатор на берзата за електрична енергија има банкарски гаранции од над 25 милиони евра
Објавено во: Економија 24 Јуни, 2025 07:50
Националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО има издадено банкарски гаранции и гарантни депозити кои вредат 25 милиони евра.
До крајот на минатата година е достигната оваа вредност, а оваа сума до фирмата-ќерка на националниот оператор на системот за електрична енергија МЕПСО е уплатена од страна на учесниците, инаку најчесто трговци и производители на струја, на националната берза „ден однапред“.
Ова е запишано во ревизорскиот извештај на МЕМО за работењето во 2024. Овој национален оператор е организатор на берзанското тргување со струја, кое започна пред две години во Македонија, а неколкуте десетици учесници на овој пазар мора да ги уплатат потребните гаранции како потврда за сериозноста во купувањето и продавањето на електричната енергија.
„Со состојба на 31 декември 2024, Друштвото има издадени банкарски гаранциии издадени во
вкупен износ од 1.570.818 илјади денари, во корист на повеќе коминтенти за исполнување на
своите активности“, евидентирано е во ревизијата.
Издавањето на банкарските гаранции е поврзано со купувањето на електрична енергија преку берзата организирана од МЕМО која достигнала износ од 97 милиони евра преку целата мината година. Резултатот на годишно ниво е за повеќе од двојно подобар од претходната година. Ова достигнување му овозможил заработка од 3 милиони евра на операторот како провизија за организацијата на тргувањето.
Добивката пред оданочување на МЕМО била околу 350.000 евра. Просечната нето плата на 21 вработен се зголемила на 1.270 евра месечно.
Официјалното тргување на домашната берза започна на 10 мај 2023 година со 22 компании, а денес веќе има 37 регистрирани учесници кои активно тргуваат.
Следните чекори на МЕМО во блиска иднина треба да бидат поврзување на македонската берза со регионалните и европските пазари.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци




