05 Декември, 2025
0.3239

Македонскиот пазар на хартии од вредност со нов инвестициски фонд

Објавено во: Економија 02 Јануари, 2013 12:29

Добивај вести на Viber

Илирика Кеш Фонд е новиот отворен инвестициски фонд кој доби одобрение за организирање од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.

Како што информира Комисијата за хартии од вредност, со фондот ќе управува Друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје.

Според Проспектот, инвестициската цел на Фондот е зголемување на вредноста на имотот, остварување на постојан раст на вредноста на уделот и високо ниво на сигурност при вложувањето. Затоа, Друштвото планира да ги вложува средствата од имотот на Фондот претежно во портфолио на нискоризични должнички хартии од вредност и инструменти на пазарот на пари.

Хартиите од вредност каде што Фондот ќе ги инвестира средствата предвидено е да бидат од издавачи чие седиште, односно претежна дејност се врши во  Република Македонија, земјите членки на ЕУ и ОЕЦД и земјите кои не се членки на ЕУ и ОЕЦД  - Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна    Гора, Албанија и Украина.

Друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје освен со новиот Илирика Кеш Фонд-отворен инвестициски фонд, управува и со уште два инвестициски фонда со Илирика Глобал растечки Пазари-отворен инвестициски фонд и Илирика Југоисточна Европа-отворен инвестициски фонд.   Илирика Кеш Фонд е десетти отворен инвестициски фонд во Република Македонија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?