Македонскиот војник од Африка има нигериски сој на коронавирусот
Објавено во: Македонија 13 Мај, 2021
Македонскиот армиски офицер кој вчера преку медицинска евакуација беше донесен од Централноафриканската Република и е сместен на Инфективната клиника во Скопје, има нигерски сој на коронавирусот. Ова го покажале анализите од брисевите земени од потполковникот со што се докажало дека кај него не е регистрирана јужноафриканската мутација. Нигерската е слична на британската која веќе е доминантно присутна во земјава.
Вчера рано утрото нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Министерката Радмила Шекеринска рече дека добро го поднел летот и сместен е на Инфективната клиника.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.