Македонскиот војник заболен од коронавирус во Африка е потполковник кој служел во Централноафриканската Република
Објавено во: Македонија 11 Мај, 2021
Македонскиот војник заболен од коронавирус во Африка е потполковник кој служел во рамките на Европската мисија во Централноафриканската Република и вечерва треба да пристигне под посебна евакуација во Скопје, потврди Радмила Шекеринска, министерката за одбрана.
- Еден од нашите припадници, потполковник на армијата, кој учествува во Европската мисија во Централноафриканската Република, минатата недела беше тестиран како позитивен на корона-вирусот и бидејќи состојбата не беше доживеана од страна на медицинските експерти како целосно под контрола, по препорака на медицинските експерти во ЕУ-мисијата, тој ќе биде со медицинска евакуација донесен дома во Скопје, претпоставувам доцна вечерта, рече Шекеринска.
Таа додаде дека оваа медицинска евакуација е направена во соработка со европските служби за надворешни односи Засега нема потврда дали се работи за африканскиот сој, кој е еден од најразорните видови коронавируси досега.
Претходно министерот за здравство Венко Филипче рече дека пациентот е во тешка состојба и кога ќе пристигне со посебен транспорт од Африка, се очекува да биде сместен на Клиниката за инфективни болести.
– Се работи за војник, македонски државјанин, бил во база каде нема услови да биде лекуван. Засега нема типизација за каков сој коронавирус се работи но пациентот ќе биде сместен во изолација, рече Филипче.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.