МАКЕДОНСКИОТ ЗЕЛЕН КОВИД-ПАСОШ ЌЕ БИДЕ ГОТОВ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА: Филипче со детали како ќе се користи и кои информации ги содржи
Објавено во: Македонија 20 Мај, 2021
Во текот на
следната недела ќе биде готов дигиталниот грин-пас, а министерот за здравство,
венко Филипче, при денешниот настан донација на 72.000 брзи тестови од страна
на Германија, детално објасни кои податоци ќе ги содржи и како ќе се користи.
Според него, во моментов не може да се каже дали во европските земји ќе може да
патуваат и вакцинираните со руската вакцина Спутник V или кинската Синофарм.
-Каква ќе биде политиката на земјите членки на ЕУ или на секоја од земјите поединечно во рамки на ЕУ, надвор од Унијата или ширум светот сега е тешко да се каже. Имаме некои најави, некои информации, некои од ставовите на земјите се менуваат. Но, она што во овој момент можам да го кажам, нашиот грин-пас кој што го спремаме ќе биде готов следната недела. Тој е електронски пас преку QR код, односно апликација која ќе може да се симне на секој мобилен телефон. Тој ќе содржи простор за три податоци: На QR кодот ќе има податоци за вакцина и ревакцина и типот на вакцината, вториот податок ќе биде ПЦР тестирањето кое секогаш ќе може да се надгради со секое следно тестирање во случај некоја од земјите да бара ПЦР тест и третиот податок е за соодветна количини на детектирани антитела како доказ за прележана болест исто така во случај ако некоја од земјите како критериум за влез бара ваква информација. Значи од следната недела, со тој QR код кој што ќе ги содржи сите овие три податоци, а преку матичните лекари, ќе може да го симнат во својата апликација, истакна министерот Филипче.
A.Б.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.