Македонските фармери разменија искуства со унгарските земјоделци
Објавено во: Агробизнис
17 Февруари, 2013 12:02
Добивај вести на Viber
Претставници на Федерацијата на фармери на Македонија (ФФРМ) реализираше средби и размени искуства со унгарските земјоделци и институции во полето на кооперативите и градинарствто. Како што информираат од Федерацијата, на тридневната посета, македонските фармери посетиле неколку преработувачки капацитети на зеленчук во Унгарија, а биле остварени и средби со градинари, претприемачи, како и претставници од владини и невладини институции кои работат на полето за развој на унгарското земјоделство.
Како што информираат од ФФРМ, овој студиски престој е организиран во соработка со македонската амбасада во Република Унгарија. Како што соопшти Федерацијата на средбата со амбасадорот Дарко Ангелов потенцирани се понатамошните активности кои Амбасадата и ФФРМ може да ги реализираат во насока на презентирање на македонското земјоделство и можноста за пробивање на македонските земјоделски производи на унгарскиот пазар.
ФФРМ реализира средба со Истван Јакоб, претседател на Национална асоцијација на здруженија на унгарските фармери и кооперативи (MAGOSZ), кој е потпретседател на унгарското Собрание. На средбата посочена е потребата од интензивирање и продлабочување на соработката меѓу MAGOSZ и ФФРМ и воопшто помеѓу македонското и унгарското земјоделство на билатерално ниво.
Студискиот престој е реализиран од страна на Федерацијата на фармерите и консултанстката куќа МЦГ, а поддржан од Агбиз програмата на УСАИД.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?