Македонските граѓани без ПЦР-тестови ќе патуваат во Србија
Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2020
Македонските
граѓани ќе може да патуваат во соседна Србија без ПЦР-тестови, што е дел од
Договорот кој денеска со Меморандум го потпишаа Зоран Заев и неговиот албански
колега, Еди Рама, како и српскиот претседател Александар Вучиќ. Поради сличната
епидемиолошка состојба во Македонија, Албанија и Србија, одлуката за проток на
патници само со важечка лична карта е од огромен бенефит за регионалната
економија, посочија балканските лидери на денешната онлајн средба.
-Инфекциите не познаваат националности и државни граници, затоа е многу важно да не ги затвораме границите меѓусебно. Туку заеднички да ја пребродиме кризата, исто така да продолжиме со нашата трговска размена, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.
Се очекува оваа одлука во текот на утрешниот ден да ја потврди и Владата на Србија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.