05 Декември, 2025
0.0310

Македонските работници добиваат трошки од она што ќе го сработат

Објавено во: Економија 28 Мај, 2021 06:49

Добивај вести на Viber

Работниците во Македонија добиваат само 35 отсто од она што ќе го сработат, односно добиваат само трошки од сработеното.  Тие се во многу понезавидна положба за разлика од работниците во Европа.

Kристина Ампева од Здружението „Гласен текстилец“ од Штип вели дека македонскиот работник со години е осиромашен и депримиран. Објаснува дека е многу тешко во приватен сектор да се работи за минималец, или да се останува на работа прекувремено, и за празници, и сето тоа да не биде дополнително платено. Вели дека ако се земат в предвид овие параметри, воопшто не можеме да се споредуваме со состојбата во европските земји. Ваквата состојба не води кон работна атмосфера каде ќе имаме мотивирани работници.

„Точно е дека има нерамномерна распределба на приходи, а институциите цели 30 години се глуви и слепи. Работничките права се на многу ниско ниво, законот не се почитува. Постои експлоатација, посебно во оние гранки кои се најслабо платени и не знам до кога јавната администрација мисли дека ќе се крепи на грбот на работниците во приватниот сектор“, рече Ампева.

Бранимир Јовановиќ, економист од Виенскиот институт за меѓународни економски студии објаснува дека за да има промени, мора да се преземат повеќе мерки.

„За да се сменат работите, потребни се политики за: зголемување на платите на работниците, како на пример, зголемување на минималната плата. Зголемување на работничките права, кои се меѓу најниските во Европа. За ова, потребен е нов Закон за работни односи, кој владата го најавува веќе неколку години, но никако да го донесе. Поголема контрола на пазарната моќ на фирмите, особено големите, преку соодветни инспекции. Прогресивни даноци, особено на добивката на големите компании“, вели Јовановиќ.

Соодносот е поинаков во развиените земји и тоа го покажуваат статистиките на Евростат. За споредба, во земјите од Европската унија, работниците во просек добиваат 47 отсто од вредноста која ја произведуваат, а за сопствениците на фирмите остануваат 41 отсто. Во Франција или Данска, соодносот е 52-34 отсто во корист на работниците.

Сања Атанасовска

foto freepik

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?