19 Декември, 2025
0.1096

Македонските убавини на форум во Тирана и по билбордите низ Албанија

Објавено во: Економија 22 Мај, 2013 18:44

Добивај вести на Viber

Со цел презентирање на можностите за инвестирање и туристичките потенцијали, како продлабочување на соработката се одржа првиот „Македонско-албански форум за бизнис и инвестиции“.На форумот во Тирана беа разгледани можностите за соработка на Македонија и Албанија во секторите во кои постои голем потенцијал како туризмот , храната, виното, но и развој на агробизнисот. Истовремено беше подготвена и дегустација на вина и традиционална храна од Македонија.

„Значајно е да се истакне дека сите учесници на форумот имаа можност бесплатно да ги изложат своите производи на сопствен штанд, поради што учество зедоа повеќе од педесетина македонски компании од туристичкиот сектор, прехранбената индустрија и од агробизнисот“, се вели во официјалното соопштение. Истовремено со форумот во Албанија се реализира и кампањата „Macedonia Timeless“ , со која еден месец се промовираат туристичките потенцијали на Македонија на повеќе од 200 билборди како и во најголемите телевизиски и пишани медиуми во Албанија.

Истовремено , посочуваат од МНР, потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија и Албанската агенција за развој и инвестиции, што треба да помогне во подобрување на соработката на двете држави.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар