17 Декември, 2025
0.1098

Македонските вина ќе се извезуваат под географската ознака „Повардарски“

Објавено во: Економија 09 Јули, 2013 12:49

Добивај вести на Viber

До крајот на годинава Македонија ќе почне да извезува вина со заштитено географско потекло „повардарски“. Оваа географска ознака, што е веќе дефинирана, најпрво треба да се регистрира во земјава, а потоа и во ЕУ.

Претседателот на Здружението за заштита на географската ознака Повардарски, Владислав Попов, рече дека е завршен процесот на создавање и спецификација на критериумите за производот „Повардарски“, а дека дополнително следува регистрирање на географската ознака во Македонија и во рамките на ЕУ.

Според Попов, географската ознака Повардарски од историски аспект ќе има големо значење за Македонија, прво комерцијално за винската индустрија во Македонија, но и како предводник за ваков процес и во другите региони и во другите индустрии.

„Она што следува е регистрација на географската ознака во Република Македонија и борбата за регистрација во ЕУ и надвор од ЕУ. Претстои уште многу работа, но ако сме обединити како винари можеме да успееме во таа цел“, вели Попов.

Интернационалниот експерт за вино од ФАО, Фредерик Џулиа, посочи дека искуството покажало дека земјите коишто користат географски одредници за извозните производи имаат голем бенифит и од аспек на подобрување на квалитетот и од аспект на постигнување на поголема додадена вредност.

„Примерот на регионот Рона во Франција и на Тоскана во Италија се доказ дека ваквиот начин на работа, кој е комплициран, но вреден, може да даде големи економски резултати“, рече Џулиа. Проектот за географска ознака на македонскиот вински регион Повардарски е поддржан од ФАО и од Европската банка за реконструкција и развој.

Иницијатор за воведување на ознаката беше здружението „Вина од Македонија“ кое изминативе две години интензивно работеше со поддршка на ФАО и ЕБOР.

Можеби ќе ве интересира

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија