05 Декември, 2025
0.0304

Македонските возови ќе се движат двојно побрзо, наместо со 50 – со 100 километри на час!

Објавено во: Македонија 17 Јули, 2013 21:49

Добивај вести на Viber

Возовите кон Неготино наскоро ќе јурат со 100 до 120 километри на час. Пругата од Ногаевци до Неготино ќе се реновира и ќе биде готова за една година. Бугарската компанија ЦК-13 Холдинг ЈСЦ ја доби работата. Денеска во Скопје беше потпишан Договорот со Македонски железници – Инфраструктура. Како што најавија надлежните, за една година че ги снема 28-те црни точки на железничките пруги низ државата каде возовите мораат да се движат побавно поради старите и дотраени пруги. Пругата е дел од Коридотот 10, а последниот ремонт делницата го имала речиси половина век. За реконструкција на делницата долга 31 километар, обезбедени се средства во висина од 9,5 милиони евра. Парите ги дава Европската банка за обнова и развој за комплетна замена на дотраените дрвени прагови со армирани бетонски, комплетна замена на постоечките шини со нови и за реконструкција на пероните на стојалиштата. „Првпат ќе се вградат шини стандард 60 кои се новитет во Македонија што значи дека ќе се создаде поголема стабилност за поминување на возовите и ќе се добие проектираната брзина на возовите од 100 до 120 километри на час“, изјави директорот на Македонски железници – Инфраструктура, Ирфан Асани. Ова е голем чекор напред и за министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. „Она што е најважно е дека ќе се зголеми брзината на возовите за двапати, односно сега просечната брзина е 50 до 60 километри на час, а согласно европските стандарди што сакаме да ги постигнеме брзината ќе биде од 100 до 120 километри на час. Сакам да истакнам дека има делови од оваа делница на кои сега возовите се движат со брзина од 30 до 40 километри на час така што ќе има и целосна градба на нови пруги бидејќи не може целосно да се реконструираат тие делови од оваа делница“, изјави Јанакиески.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите