„Македонско село“ готово на лето
Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2013 09:14
“Проектот ќе биде готов во јуни оваа година. Комплексот ќе има 17 објекти, од кои 12 куќи што ќе ја рефлектираат културата на сите региони во Македонија“, изјави Сарачини.Според проектот, куќите ќе бидат со стилски карактеристики од Беровско-малешевскиот крај, делчевскиот, кратовскиот, галичкиот, полошкиот, прилепскиот и скопскиот регион.
Во рамките на комплексот е предвиден и Музеј во кој ќе биде изложено дел од етнолошкото наследство на Македонија, како и амфитеатар, традиционален ан, воденица, валалница, трло, штала и рибник, сите во стар традиционален стил. Во јавноста се уште не е познат моделот на стопанисување со овие објекти. Од Владата неодамна изјавија дека се уште размислуваат како ќе се стопанисува со меаната, работилниците, објектите. Дури и најавија дека најверојатно ќе дозволат на горните катови од куќите да се направат апартмани во кои туристите ќе можат да престојуваат, но се уште нема одлука под кои услови тоа ќе може да се прави.
Избран е и ентериерот на „Македонско село“
Министерството за економија веќе избра каков ќе биде ентериерот на куќите. За 121.500 евра Друштвото за проектирање градежништво трговија и услуги Структуре ДООЕЛ експорт импорт од Тетово веќе изработува основен и изведбен проект за идејното архитектонско ентериерно решение на комплексот „Македонско село”.
Според информациите кои се достапни на Бирото за јавни набавки, Министерството за економија и Структуре ДООЕЛ се договориле со преговарање без објавување на оглас бидејќи истата фирма победи на Конкурсот за избор на архитектонско ентериерно решение за комплексот. Во конкуренција на уште четири други автори, ДПГТУ Структуре ДООЕЛ експорт импорт од Тетово победи на конкурсот за што од Министерството за економија доби награда од 400.000 денари (6.500 евра).
„Македонско село“ се очекува да биде туристичка атракција не само за домашните, туку и за странските туристи. Основната идеја на проектот е да се претстави традиционалното македонско село, начинот на живот, културата, традиционалната архитектура, историјата на занаети, спецификите на објектите карактеристични за сите етнички заедници во Македонија. Комплексот почна да се гради во јуни 2011 година.
Катерина Попоска
Фото Билд.мк
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип





