МАКЕДОНСКО СЕЛО: Вреди ли да се потрошат 5, 8 милиони евра за мртва природа?
Објавено во: Економија 11 Април, 2016
Комплексот Македонско село чини 1,8 милиони евра повеќе од првично планираната сума, констатира Државниот завод за ревизија, во Извештајот за работата на Министерството за економија.
Односно, наместо 4 милиони евра, колку што првично била превидена вкупната вредност на комплексот, а во која се вклучени вредноста на изработка на архитектурата, за секој објект посебно - 12 куќи, меана, ан, етнолошки музеј, продавница, и за стопанскиот дел, воденица, валаланица, штала, трло, рибник, на крајот изградбата чини 5,8 милиони евра.
„Со извршениот увид констатирано е дека комплексот почнал да се гради во 2011 година, со планирани средства од 4 милиони евра, од Буџетот за период од три години, односно 2011-2013 година. Првичната предвидена вредност за реализација на проектот е надмината со склучување на договори за ентериерно уредување, водоснабдување, приклучување на дистрибитувната мрежа, пречистителна станица, така што целокупниот проект заклучно со 2015 година, издвоени се дополнителни средства од 1,8 милиони евра, и проект чини 5,8 милиони евра,велат ревизорите.
Со оглед дека во Извештајот ревизорите констатираат повеќе неправилности тие потенцираат дека:
„Изработката на проектна документација која не соодветствува со фактичката состојба на терен, несоодветно планирање на средствата за ставање во употреба на целиот проект како и поради тоа што истиот уште не функционира како национална туристичка атракција за странски и домашни туристи има ефект на дополнително оптоварување на Буџетот по годините предвидени за негова реализација, односно, издвојување на средства потребни за целосно завршување и одржување, напишале ревизорите потецирајќи дека кога се работел Извештајот Македонско село се уште нема концесионер.
Се пробиле роковите за изградба
Во текот на реализацијата на проектот, изведувачот се соочувал со голем број на ситуации кои не се предвидени во основниот договор и кои придонеле за промена на количините на материјалите, што имало за ефект голем број на вишоци и кусоци, дополнителни и непредвидени работи. Од сите тие причини, изведувачот не успеал да ја заврши грдбата во превидениот рок поради што рокот е повеќепати пролонгиран.
Иако, сите средства за изградба на комплексот се обезбедени од Буџетот на РМ, сепак донесена е одлука со овој простор да стопанисува приватна компанија преку воспоставување на јавно приватно партнерство. За таа цел во 2013 година спроведена е постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство, но со избраниот понудувач не е склучен договор. Во мај 2015 година, комплексот се дава на управување на Службата за општи и заеднички работи и Владата повторно започнува постапка за доделување на договор за јавно приватно партнерство.
Со одлуката се предвидува минималниот износ за надоместокот кој ќе го плаќа приватниот партнер да биде 24.000 евра за период од 20 години, се наведува во извештајот на ревизорите.
Неусогласувања при изведбата на ентериерот на Македонско село
Во мај 2013 година, министерството за економија склучило договор за изведба на ентериер за Македонско село во вредност од 1,3 милиони евра.
За оваа намена, врз основа на доставена прва и завршена ситуација во износ од 1,3 милиони евра, во 2013 година исплатени се 650.000 евра, а во 2014 година исплатен е преостанатиот дел.
„Во врска со реализација на договорот извршени се споредбени анализи на доставена докуменатција, прва и завршена ситуација, предмер пресметка, градежна книга и завршниот извештај од надзорот, и констатирано е дека има одредени неусогласувања, посочуваат ревизорите.
Но, исто така додаваат и дека времето на извршување на работите наведено во првата и завршната ситуација во завршниот извештај од надзорот не соодветствуваат со времето на вршење на работите во градежната книга.
„Имено, во завршниот извештај од надзорот е наведено дека изведувачот во целост ја завршил изведбата на 31.10.2013 година иако според градежната книга работите се изведувале во месеците ноември и декември 2013 година“, се наведува во извештајот.
Иако, во завршниот извештај на надзорниот орган и од Комисијата за следење на изведбата на ентериерот на комплексот Македонско село е утврдено дека количински сите елементи се на број согласно завршната ситуација, со извршениот попис на градежните објекти опремата и ситниот инвентар во комлексот утврдени се разлики во однос на завршената ситуација, техничката спецификација и предмер пресметката на изведувачот, односно констатирани се разлики во однос на на бројот и квалитетот на одердени производи, кусок од 263.000 денари и вишок во вредност од 393.000 денари. По констатираната состојба, министерсвото го има задолжено изведувачот кој на 10.09.2015 година го испорачал кусокот на опрема и ситен инветар.
„Неутврдувањето на фактичката состојба на терен од страна на надзорот не е во согласнот со законот за градење и укажуваат на нефункионирање на системот на интерни контроли што можње да има ефект нерално и необјектовно прикаќжување на расходите, предупредуваат ревизорите.
Недоследости при изборот на фирма задолжена за ентериер
На тендерот на кој се барала фирма за изведба на ентериер, било побарано заинтересираните компании да достават листа на изработени и извршени проекти за енетериерно уредување во последните три години во вкупна вредност од најмалку 80.000.000 денари, од кои еден од нив да е со вредност не помала од 40.000.000 денари.
Притгнале четиро понуди. Комисијата за јавни набавки констатирала дека само понудата на еден оператор е прифатлива и соодветна. Економскиот оператор кој е избран од страна на Комисијата, за докажување на техничката или професионална спосбност има доставено постврда за квалитетна изведба од примателот на изведените работи во вкупен изност од 54.408.000 денари.
„Ревизијата не се увери во веродостојноста на приложената потврда од економскиот оператор, имајќи во предвид дека потврдата е издадена од фирма која е категоризирана како мал субјект, а од податоците добиени од Централен регистар, вкупните приходи за 2011, 2012 и 2013 година на субјектот се помали од износот прикажан во потврдата, забележуваат ревизорите.
Неправилности и при приклучување на вододводот
Во април 2014 година министерството склучило договор за водоснабдување на македонско село во вредност од 104.000 евра. Но, и тука се констатирани неправилности.
Комисијата за јавни набавки нема извршено проверка на математичката точност на предмер пресметката од понудата за работите кои се однесуваат на водосанбдување во комлексото македонско село и истата е за 3.800 евра повисока од вредноста на која е склучен договорот.
Договорот склучен помеѓу министерството и изведувачот не ги содржи сите потребни елементи за овој вид работи. Имено со договорот не се прецизно и конкретно регулирани обврските на изведувачот и договорниот орган, условите на квантитатаивна и квалитативна контрола, начинот на примопредавање на изведените работи, определување на одговорноста од евентуални недостатоци, обештетување на други одредби со цел да се избегнат евентуалните проблеми околу реализацијата на самиот проект.
„Констатирани се големи отстапувања на количините на материјалите за одредени позции од завршната ситуиација во однос на предмер пресметка што имало за ефект голем број на вишоци и кусосци, дополнителни и непредвидени работи, а одредени позиции во вредност од 259.000 денари, воопшто не се вградени. Исто така, постои неусогласеност меѓу градежниот дневник и градежната книга во однос на фактички изведените работи, а за настанатите промени не ни беа доставени писмени согласности од проектантот, навеле ревизорите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.