Македонско семејство заминало од местото на ужасот 15 минути пред нападот: Сведоштво од Виена
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2020
Семејството на Македонката Розета Карова која живее во Виена, синоќа за време на нападот во центарот на градот било дома. Но, не и 15 минути претходно кога тројцата, таа. нејзиниот сопруг и детето биле излезени на вечера токму во центарот на преубавиот град, во реон на нападите. За ужасот, за среќа, разбрале само што влегле дома - пукањето не го слушнале во живо.
Денеска во Виена е ден сосем различен од сите претходно. Во терористички напад загинаа четворица, 17 луѓе се повредени, дел од нив се борат за живот. Светот е во шок, исто така се и нашинците кои живеат во градот. Виена е мирен град. Денеска низ улиците имало мала раздвиженост, многу полиција. Повеќето од дуќаните се затворени.
„Јас работам од дома, детето не го однесов во училиште, затоа што изборот дали ќе одат или не, ни беше оставен на нас. Разбрав дека биле отидени само две-три деца, тие чии родители мора да се појават на работа. Во Виена е мирно, тензично, невообичаено. Постојано им се нуди помош на тие кои се исплашени, има телефонски линии за тие кои претрпеле стрес, кои се трауматизирани, вели Карова за Фактор.
Од после пладне граѓаните на Виена започнаа да се собираат на местото каде се случи крвавиот терористички напад и положуваат цвеќе, палат свеќи, а пристигнаа и претседателот Александар ван дер Белен и канцеларот Себастијан Курц.
А.Т.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.