Македонското овошје, зеленчук и преработки со голем извозен потенцијал преку Лидл
Објавено во: Мои пари 30 Септември, 2025 16:49
Во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и компанијата Лидл, денеска се одржа работен состанок со македонски производители на земјоделски производи. На настанот присуствуваа кооперанти и претставници на МАЗЗ - Македонската асоцијација на земјоделски задруги, МЗЗ – Мрежа на земјоделски задруги – и МАП - Македонска асоцијација на преработувачи. Фокусот на состанокот беше ставен на квалитетот, критериумите за избор на партнери и принципите според кои Лидл развива свои приватни марки, како и извозните потенцијали преку продажната мрежа на Лидл.

Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, соработката со Лидл може да биде мост за поголем пласман и промоција на македонските земјоделски производи и преработки.

„Потребно е зеднички да работиме и како министерство и како земјоделци за поголемо исполнување на одредени стандарди во производството бидејќи само така можат што повеќе македонски земјоделски производи да пристигнат на пазарите не само во регионот, туку и пошироко“, истакна Трипуновски.

Претставниците на Лидл истакнаа дека компанијата работи исклучиво со партнери кои можат да обезбедат количини на овошје и зеленчук, усогласени со највисоките меѓународни стандарди. Како основни предуслови за соработка беа нагласени: GLOBALG.A.P. – стандард за добра земјоделска пракса кој овозможува доверба и пристап до нови пазари, GRASP – модул кој ја проверува социјалната одговорност и заштитата на работниците, како и IFS – глобален стандард кој гарантира безбедност и квалитет на храната и оптимизација на производствените процеси.

„Квалитетот е темелот на нашата работа и главниот критериум при изборот на партнери за приватните марки на Лидл. Преку соработката со локалните производители ние сакаме да изградиме долгорочни односи базирани на доверба, стандарди и транспарентност, а потрошувачите да бидат сигурни дека секој производ на нашите полици е безбеден, свеж и со проверен квалитет“, изјави Стефан Георгиев, комерцијален директор на Лидл Северна Македонија.

Дополнителните критериуми за работа со Лидл вклучуваат испорака во ладилници на строго дефинирани температури, соодветна амбалажа, пакување и палетизација, како и редовни анализи на резидуи од пестициди во акредитирани лаборатории. Целта е да се обезбеди континуитет и сигурност во квалитетот на понудата.

Во 2024 година, извозот на македонски производи преку мрежата на Лидл во соседните земји изнесуваше околу 5 милиони евра, а за 2025 година тој износ се очекува двојно да се зголеми. Со овој настан, Лидл уште еднаш ја потврди својата заложба да ги поддржи македонските земјоделци во процесот на модернизација, сертификација и развој на конкурентни производи кои ќе бидат препознаени на европскиот пазар.
За Лидл
Лидл Северна Македонија е дел од компанијата за малопродажба Лидл, која е една од водечките компании во прехранбената индустрија во Германија и Европа.
Лидл, дел од групацијата Шварц, е една од водечките европски трговски мрежи со над 12.600 маркети, 230 логистички центри во 31 земја и повеќе од 382.000 вработени. Компанијата е препознаена по својата мисија „Квалитет достапен за сите“, а над 90% од производите во продавниците на Лидл се сопствени брендови. Овој пристап овозможува целосна контрола на квалитетот, следливост и сигурност за потрошувачите, како и можност за блиска и долгорочна соработка со локалните производители.
Лидл го вреднува оптималниот сооднос цена-квалитет за своите потрошувачи. Едноставноста и посветеноста кон процесот ги одредуваат секојдневните делувања во продавниците, регионалните дистрибутивни центри и услугите на компанијата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





