19 Декември, 2025
0.0522

Македонците пушат 87 милиони евра годишно!

Објавено во: Економија 29 Јуни, 2016 08:38

Добивај вести на Viber

Цигарите поскапуваат за три денари, нели е ова добра причина за да се откажете од нив?

Дотолку повеќе што ова нема да е последно поскапување. Стапката на акцизата во првите три години од законските измени се зголемуваше за 3 денари, а од следната 2017-та година предвидено е стапката да се зголемува за 4 денари од кутија цигари во период од седум години.

Регистрираните 700.000 пушачи во Македонија, според истражувањата на Институтот, годишно трошат 11 тони цигари,  или 5,5 килограми тутун по глава на жител.

Според одредени пресметки годишно за цигари трошат околу 87 милиони евра.

Според докторите, пушењето е ризик фактор за огромен број болести  и нема орган во организмот каде не предизвикува штетни ефекти. Апелираат пушачите да се откажат од штетната навика, а младите воопшто да не посегнуваат кон цигарите и да се посветат на здрав живот. -Бројот на испушените  цигари дневно и должината на пушачкиот стаж се пресудни фактори за појава на одредени заболувања, но промените што ќе настанат  кај различни индивидуи зависат  од индивидуалната предиспозиција. Не значи дека сите пушачи ќе се разболат или пак дека секоја болест поврзана со пушењето ќе се јави кај сите пушачи, истакна Илиевска Поповска. Податоците на СЗО покажуваат дека на секои шест секунди едно лице умира од болест поврзана со пушење, а една испушена цигара го скратува животот за 12 минути.  Во светот тутунот убива околу шест милиони луѓе секоја година,  од кои пет милиони пушачи, а над 600.000 починале како резултат на изложеност на цигари.  Речиси 80 проценти од вкупниот број пушачи во светот, што се проценува на околу милијарда се од земји  со низок и среден доход.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра