08 Декември, 2025
0.0286

Македонците во Калифорнија за Обама, истокот поделен, дијаспората го сака Ромни!

Објавено во: Свет 06 Ноември, 2012 21:49

Добивај вести на Viber

Американците се поделени. Анкетите велат дека целокупната популација на Америка е поделена речиси рамномерно, но дали е така и со македонците кои живеат во САД? Некои аналитичари би рекле дека тоа е точно, но, се разбира тоа не би играло голема улога во денешните избори. Според неофицијални податоци во САД живеат околу 500 илјади жители од македонско потекло, кои се распоредени низ целата земја, па така во зависност од географската положба го даваат нивниот глас. Македонците во Калифорнија претежно гласаат за Демократите , доколу сте Македонец од Охајо, пак ќе гласате за Републиканците, што неодамна беше потврдено кога синот на Републиканскиот кандидат се заблагодари на Македонците за подршката, а Македонците од источниот дел на САД се комплетно поделени ги има и за едните и за другите. Македонците од Мичиген претежно гласаат за Републиканците. Американците со македонско потекло од Илиноис, кои ги има околу 60 илјади, нивниот глас претежно го даваат за Демократите, но не во сите случаи. Во разговор со неколку Македонци дознав дека има поддржувачи на двете страни. Додека разговарав со еден Македонец на оваа тема ,на негово прашање за кого ќе гласам јас шегуваќи одговорив: „За кандидатката на Зелената партија“, на кое тој ми возврати, не навистина за кого? Јас продолжив, за Џил Штајн, знаеш ли дека има 6 кандидати за избор на председател? (http://en.wikipedia.org/wiki/United_States_presidential_election,_2012#Candidates_2) На тоа мојот сонародник ми одговори дека незнам што зборувам, што говори дека Македонците во САД не се доволно информирани. Кога ќе прашате некој од нив, што очекуваат од овие избори подржувачите на Ромни би рекле дека очекуваат да не биде овој сегашниов председател и дека ќе биде подобро од сега, затоа што Ромни ќе биде подобар за бизнисот на Америка, додека ако прашате подржувач на Обама ќе ви каже дека сака да има здравствено осигурување за нив и нивното семејство и дека во наредните 4 години ќе биде уште подобро. Но, јасно е дека кој и да дојде на највлијателната позиција на светот нема да има промена на ставот кон Македонија. Републиканската партија во минатото покажа за нијанса повеќе поддршка за Македонија, Буш е републиканец кој ја призна Македонија под уставното име, поради што дел од дијаспората повеќе сака да го види Ромни за претседател. Сепак, видно, поддршката кон Македонија од страна на САД никогаш не се измени. За Фактор, Ѓоко Шиковски, Чикаго, Илиноис

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон

Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката

Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката

Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија

Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија

(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?

(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?

Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат

Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа

РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“

РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“

(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија

(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија