„Макпетрол“ е најтрофеен клуб во историјата на карате-спортот на Македонија

Објавено во: Мои пари 14 Април, 2025 10:46
Со освоените 15 медали, од кои осум златни, „Макпетрол“ на неодамнешното државно првенство повторно ја истакна својата доминација во карате-спортот. Ова е уште една потврда за фактот дека во периодот од 2001 до годинава, оваа скопска екипа е убедливо најуспешната во земјава.Епитетот најтрофеен е добиен порадинајголемиот број освоени медали на сите натпреварувања организирани од националната карате федерација (КФРСМ), Европската (ЕКФ), како и Светската карате федерација (WKF).
Во периодот 2001-2025 година, „Макпетрол” на државни првенства освоил вкупно 953 медали - 409 златни, 289 сребрени и 255 бронзени. Најголемиот број медали клубот ги освоил на сениорските државни првенства, како и на државните првенства за помлади сениори (У21). На овие највисоко рангирани државни првенства, освоени се вкупно 462 медали - 218 златни, 148 сребрени и 96 бронзени.
Во системот на натпревари на КФМ од 2009 година беше воведен дополнителен државен натпревар по Бергер-систем, којшто е еден од критериумите за избор на репрезентацијата. На овој турнир, најдобрите четири спортисти, освојувачи на медали од државното првенство за дадената година, се натпреваруваа секој со секого во својата категорија и победникот од секоја категорија се стекнува со статус државен репрезентативец на Македонија. Во периодот 2009-2025 година „Макпетрол“ освоил 358 медали на на овие државни натпрвари. Резултат од ова се 147 членови на скопскиот клуб кои станале македонски репрезентативци и учествувале на Европски и на Светски првенства.
- Сите освоени медали имаат тежина и вредност, но сениорските се највредни и најтешки за освојување, затоа тие во спортот имаат и највисок рејтинг. Во секој спорт, сениорските постигнувања се највисоко рангирани резултати. Клубовите кои имаат сениорски тимови се највисоко рангирани клубови во државата. Бројот на освоени медали вo категорија (сениори) го дава точно утврдениот ранг за успешноста на клубот. Може да констатираме дека карате клубот „Макпетрол“ од Скопје е историски најуспешниот спортски колектив кој константно придонесувал за успешноста и развојот на карате спортот во Македонија - истакнуваат од карате клубот „Макпетрол“.
Можеби ќе ве интересира
glo™дел од „HYPER PORTAL“ на Микела Пики и претставена уникатна glo™ колекција во соработка со SUNS

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска 89,30 евра за мегават час, на МЕМО 91,00 евра за мегават час

СУПЕР МИЛИОНЕР ВО ОХРИД: ИГРАЧ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА ОСВОИ 6.787.199 ДЕНАРИ

Беспрекорна продуктивност - АИТОНИКС го претставува новото AI PC портфолио на DELL!

Ико Брдаровски: Како до успешно селектирање на отпадот? Кои се иновациите во управувањето со отпад

Повик за македонските стартап тимови: Компанијата „Mozzart“ Србија го започнува четвртиот циклус на стартап програмата „Универзум“ – Пријавете се!

Daily Food & Wine e урбана гастрономска оаза што го претвора секојдневието во доживување

„Литера“ продолжува со ден посветен на креативноста, емоциите и илустрацијата
