МАКПЕТРОЛ НЕ Е ВМЕШАН ВО НАБАВКА НА ГАС ЗА БЕГ: Компанијата ќе ги снабди сите свои потрошувачи
Објавено во: Економија 30 Декември, 2021 12:26
„Макпетрол“ ги обезбедил потребните колични гас од „Гаспром“ за сите свои потрошувачи, компании кои со години ги снабдува со енергенсот, велат од „Макпетрол“ за Фактор. Од компанијата додаваат тие не се вклучени во процес на набавка, ниту претходно преговарале за било какви колични за ТЕ-ТО или БЕГ. „Макпетрол“ го склучи договорот со руски „Гаспром“ за набава на гасот за домашни потрошувачи по цена за 30 отсто пониска од берзанската. Со овие количини ќе се снабдат повеќето компании во слободните зони, „Алкалоид“, топланите на ЕСМ, топланите на Скопје Север.
„Ние обезбедивме гас за сите наши потрошувачи во директен договор со Гаспром. За други количини не станало збор. Односно сите количини кои ги побаравме од Гаспром, беа одобрени и ги добиве. Цената што ја постигнавме во овој договор со „Гаспром“ е за 30 отсто пониска од берзанската цена а сите деловни партнери што соработуваат со „Макпетрол“ ќе имаат обезбедна стабилна и навремена испорака“, велат од компанијата и додаваат дека покрај другите деловни партнери, „Макпетрол“ со гас снабдува и дел од компаниите што обезбдуваат парно греење за граѓаните, меѓу кои не е БЕГ.
Најверојатно проблемот меѓу РКЕ и БЕГ е тоа што немаат пари да го платат гасот.
Макпетрол го набавува енергеност директно од Гаспром, а БЕГ од други фирми посредници.
А.Т.Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




