Макпетрол повеќе нема да биде складиштар на нафта и нафтени деривати?
Објавено во: Економија 05 Април, 2016 10:52
Лиценцата за вршење на енергетска дејност складирање на сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт на Макпетрол АД Скопје истече вчера при што, како што информираат од оваа компанија поднесено е барање за продолжување на истата.
„Макпетрол АД Скопје благовремено поднесе барање за продолжување на лиценцата на 10.07.2015 година и во прилог достави документација на основа на која и беше издадена лиценцата во 2005 година“, стои во соопштението.
Меѓутоа, како што е објавено на Македонска берза, Регулаторната комисија за енергетика со Заклучок УП1 бр.11-90/15 од 02.10.2015 година, незаконито времено ја продолжила лиценцата за шест месеци и побара да се достави дополнителна документација која не е во сопственост на Макпетрол АД Скопје ниту истата може да ја обезбеди.
Поради одлуката на Регулаторна за редуцирање на складишните простори од кои Макпетрол АД Скопје може да ја обавува дејноста трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт од Макпетрол велат дека почнувајќи од 05.05.2016 нема да превземаат никакви дејствија во поглед на располагањето со резервите за кои е складиштар и воедно не превзема никаква одговорност за последиците кои би произлегле.
Во продолжение еве ја одлуката на Регулаторна комисија за енергетика која се однесува на лицената за трговија:
Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија врз основа на член 44 од Законот за енергетика (“Службен весник на РМ” бр. 16/2011, 136/2011, 79/2013, 164/2013, 41/2014, 151/2014, 33/2015, 192/2015, 215/2015, 6/2016 и 53/16) и членовите 46 и 47 од Правилникот за лиценци за вршење на енергетски дејности („Службен весник на РМ“, бр.143/2011, 78/2013 и 33/2015), постапувајќи по барањето на Макпетрол, Акционерско друштво-Скопје, за продолжување на лиценцата за вршење на енергетска дејност Трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, на седницата одржана на 29.03.2016 година, донесе одлука со која се продолжува лиценцата за вршење на енергетска дејност трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт.
1. На Акционерското друштво за промет со нафта и нафтени деривати „Макпетрол“-Скопје („Макпетрол“ АД –Скопје), ул.„Св.Кирил и Методиј“, бр.4, 1000 Скопје, му се продoлжува лиценцата за вршење на енергетска дејност Трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, издадена со Одлуката бр. 02- 1088/1 од 03.10.2005 година („Службен весник на РМ“ бр. 84/2005, 45/2009 и 172/2015), за период на важење од 10 години, за резервоарските капацитети со кои ќе ја врши енергетската дејност, опишани во точката 10 од Прилогот 1 (пречистен текст), кој е составен дел на ова Одлука.
2. Жалбата изјавена против оваа Одлука не го одлага нејзиното извршување.
3. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Македонија“.
Во образложението на Регулаторна, стои дека документацијата на Макпетрол не била доставена на пропишан начин и форма согласно член 19 став 1 и 2 од Правилникот за лиценци за вршење на енергетски дејности при што Регулаторната комисија за енергетика донесе Заклучок УП1 бр. 11-74/15 од 14.09.2015 година, со кој го задолжи „Макпетрол“ АД-Скопје во предвидениот рок да ја достави потребната документација, која недостасува, а согласно Правилникот за лиценци за вршење на енергетски дејности.
„Макпетрол“ АД-Скопје, до Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, достави Барање за продолжување на лиценцата за Трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, УП1 бр.11-74/15 на 10.07.2015 година. Од доставената документација се утврди дека Барањето за продолжување на Лиценца за вршење на енергетска дејност трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт со архивски број УП1 бр. 11-74/15 поднесено од страна на „Макпетрол“ АД-Скопје, не е доставено на пропишан начин и форма согласно член 19 став 1 и 2 од Правилникот за лиценци за вршење на енергетски дејности, поради што Регулаторната комисија за енергетика донесе Заклучок УП1 бр. 11-74/15 од 14.09.2015 година, со кој го задолжи „Макпетрол“ АД-Скопје во предвидениот рок да ја достави потребната документација, која недостасува, а согласно Правилникот за лиценци за вршење на енергетски дејности“, стои во образложението на одлуката која може овде детално да ја прочитате.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




