Макпетрол продолжува со откупот на сопствени акции
Објавено во: Финансии 20 Февруари, 2018 09:49
Макпетрол продолжува со трендот на откупување на сопствени акции и оваа година, па така изврши нова трансакција со која презеде 24 сопствени акции и го зголеми учеството во бројот на обични акции со право на глас.
„Согласно член 34 алинеја 4 од Правилата за котација на Македонската берза АД
Скопје, известуваме дека Макпетрол АД Скопје се стекна со 24 сопствени акции и
сега поседува 3.771 сопствени акции што претставува 3,36% од вкупниот број на
акции на издавачот Макпетрол АД Скопје“ известија од нафтената компанија преку Македонска берза.
Акцијата на Макпетрол и натаму е една од највредните на Македонска берза ако се гледа поединечно. Според последните податоци остварени на вчерашното отворено тргување постигната е цена од 29,500 денари. Ако оваа вредност ја пресметаме со последното преземање на сопствени акции доаѓаме до бројка од околу 700 илјади денари или околу 11 илјади евра кои Макпетрол ги вложи за поголема ликвидност на парични средства.
Во текот на овој месец Макпетрол АД Скопје исто така откупи 183 сопствени акции. Акции од Макпетрол преземаа и претседателот на управниот одбор, Андреја Јосифовски, како и Саша Лекиќ исто така еден од директорите на компанијата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





