Макрон порача и дење и ноќе граѓаните да се вакцинираат
Објавено во: Свет, Корона Вирус 23 Март, 2021
Во Франција е упатен повик за што помасовна вакцинација. Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска повика на „максимална вакцинација, секојдневно, од утро до вечер, затоа што вакцинацијата е сржта на битката против ковид-19".
Макрон најави и проширување на вакцинацијата на лица на возраст од 70 до 75 години без коморбидитети, пред забрзувањето на кампањата за вакцинација во земјата.
„Прво ќе воспоставиме телефонски број за барање на постарите од 75 години кои сè уште не биле вакцинирани и сите оние кои не успеале да закажат“, рече тој.
На приоритетна листа се сега постари од 75 и постари од 65 со коморбидитети. Макрон рече дека Франција се бори за дозите вакцини што Астразенека ѝ ги должи и ќе продолжи да врши притисок врз компанијата да ги почитува договорите. Француската влада има за цел да вакцинира 10 милиони Французи до средината на април, 20 милиони до средината на мај и 30 милиони до средината на јуни. Во Франција скоро 93.000 луѓе починаа од коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.