31 Мај, 2024
0.0276

МАКРОН, ШОЛЦ И КАМЕРОН СЕ ЗАГРИЖЕНИ: Го повикаа Израел да не ги ескалира односите со Иран

Објавено во: Свет 15 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Повеќе западни земји го повикаа Израел да внимава и да не дојде до ескалација на односите со Иран. 

Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон повикаа денеска Израел да избегнува понатамошно ескалирање на конфликтот со Иран. Макрон вели дека ситуацијата е многу нестабилна. 

Иран во саботата изврши напад со стотици дронови и проектили на воени мети во Израел одговарајќи на израелскиот напад на иранскиот конзулат во Дамаск во кој уби седуммина офицери на Иранската револуционерна гарда, вклучувајќи двајца високи команданти. Израел не прифаќа одговорност за нападот кој се случи на 1 април.

Камерон го повика Израел да на одговара на иранскиот напад со совет дека треба „да мисли со главата а не само со срцето“, оценувајќи дека иранскиот напад бил целосен неуспех.

„На многу начини тоа беше двоен пораз за Иран. Нападот беше речиси целосен неуспех и му покажаа на светот дека се лошо влијание во регионот. Затоа се надеваме дека нема да има одмазднички одговор“, кажа тој.

Членовите на Советот за безбедност на ОН што итно заседаваше од претставниците на двете земји вклучени во конфликтот, Иран и Израел, слушнаа само меѓусебни обвинувања. Амбасадорите на двете земји го повикаа Советот за безбедност да воведе санкции.

Тел Авив засега не открива каков одговор ќе има кон Иран по масовниот напад што во саботата вечерта го изведе со стотици дронови и проектили.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ГНЕВ ВО МЕКСИКО: Демонстрантите сакаа да ја запалат израелската амбасада

(ВИДЕО) ГНЕВ ВО МЕКСИКО: Демонстрантите сакаа да ја запалат израелската амбасада

СТОЛTЕНБЕРГ: Украина сè уште може да победи

СТОЛTЕНБЕРГ: Украина сè уште може да победи

(ВИДЕО) ОДЕКНАЛЕ ЕКСПЛОЗИИ НА КРИМ: Украинците погодиле два руски брода

(ВИДЕО) ОДЕКНАЛЕ ЕКСПЛОЗИИ НА КРИМ: Украинците погодиле два руски брода

ПРИНЦЕЗАТА ДАЈАНА ГИ ПРЕКРШИ СИТЕ ПРАВИЛА: Не се грижеше за последиците, сега тоа го прави Кејт

ПРИНЦЕЗАТА ДАЈАНА ГИ ПРЕКРШИ СИТЕ ПРАВИЛА: Не се грижеше за последиците, сега тоа го прави Кејт

ХОРОР ВО ЛОНДОН! Пукано во гости во ресторан, дете во критична состојба

ХОРОР ВО ЛОНДОН! Пукано во гости во ресторан, дете во критична состојба

КАКО СВЕТОТ ЗАПАДНА ВО ДОЛГ ОД 315 ТРИЛИОНИ ДОЛАРИ? Секој од нас должи 39.000 долари

КАКО СВЕТОТ ЗАПАДНА ВО ДОЛГ ОД 315 ТРИЛИОНИ ДОЛАРИ? Секој од нас должи 39.000 долари

ПОЗНАТ ЛЕКАР ОТКРИ КОЈ РАК ГО ИМА КЕЈТ МИДЛТОН: „Сите врвни онколози го потврдија ова мислење, а уште еден аларм е фактот што таа со години има Кронова болест“

ПОЗНАТ ЛЕКАР ОТКРИ КОЈ РАК ГО ИМА КЕЈТ МИДЛТОН: „Сите врвни онколози го потврдија ова мислење, а уште еден аларм е фактот што таа со години има Кронова болест“

СТРЕЛКОВ ОДИ ВО ЗАТВОР: Критичарот на Путин ќе помине четири години зад решетки

СТРЕЛКОВ ОДИ ВО ЗАТВОР: Критичарот на Путин ќе помине четири години зад решетки

ВОЈНАТА ВО ГАЗА ЌЕ ТРАЕ НАЈМАЛКУ ДО КРАЈОТ НА 2024 ГОДИНА: Израел испрати тенкови во Рафа

ВОЈНАТА ВО ГАЗА ЌЕ ТРАЕ НАЈМАЛКУ ДО КРАЈОТ НА 2024 ГОДИНА: Израел испрати тенкови во Рафа