Димитриевски бара внатрешната контрола да ја истражи кривичната која беше поднесена против него
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Јуни, 2020
Kумановскиот градоначалник Максим Димитриевски бара внатрешната контрола во МВР да ја истражи кривичната пријава која беше поднесена против него.
Димитриевски, достави претставка до одделот за внатрешна контрола во МВР за отпочнување комплетна истрага за тоа како е спроведена постапката за поднесување кривична пријава против него која Јавно обвинителство ја отфрли како неоснована.
„Верувам во институциите на системот и уверен сум дека овој предмет ќе има разрешница. Оваа држава мора да има капацитети за спроведување на правото и мора да има еднаквост, непристрасност и професионалност без разлика на политички притисоци. Убеден сум дека во МВР има професионалци кои ќе ја истераат цела истрага до крај. Се поставува прашање ако се случува вакво нешто за лице што извршува јавна функција што останува за обичниот граѓанин. Мора да се елиминираат сите злоупотреби. Очекувам во најкус временски рок да се утврди фактичката состојба и да излезе со соопштение со сите прекршувања за самата постапка“, изјави Димитриевски.
Тој рече дека во ниеден момент од истрагата не било побарано став или негово мислење.
Димитриевски најави кривична пријава до Државниот санитарен и здравствен инспекторат за објавување лични податоци во јавноста изнесени на прес-конференцијата од страна на Ирина Сотирова-Бухова.
Вели дека ова не смее да се повтори за никого во Македонија, и дека сите сме еднакви пред Уставот и законите.
Тој претходно бараше извинување од СДСМ, и порача дека вистината ќе излезе на виделина.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.