07 Октомври, 2024
0.0270

Максим Димитриевски го доби на суд началникот кој состави записник дека нападнал полицајци

Објавено во: Македонија 04 Септември, 2019

Добивај вести на Viber


По пресудата во кумановскиот суд, градоначалникот на општината, Максим Димитриевски, објави дека го доби случајот за инцидентот на 5 април 2017 година, кога како пратеник на СДСМ беше нападнат од алкохолизирани полицајци на семејна забава, а подоцна беше обвинет за истото дело.од тогашниот началник на МВР дека испровоцирал насилство и дека тогашниот началник ќе треба да му се извини.

ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот шеф на огранокот на партијата во Куманово, Драган Петковски, сега се принудени да се извинат за навреда и да платат точно 1 денар на градоначалникот на Куманово.

„ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот претседател на огранокот на партијата во Куманово, Драган Петковски имаат обврска да ми се извинат за нанесена клевета и навреда и воедно да ми платат ни повеќе ни помалку, туку ЕДЕН денар оштета. 
Да, толку барав, ЕДЕН денар, бидејќи нивниот збор не вреди ниту еден денар, а нивните дела прават голема штета, се обидоа да ме дискредитираат и да ми го нарушат угледот и честа пред граѓаните во уште еден од многуте партиско - полициски монтирани постапки. Ме нарекоа насилник, криминалец, ме обвинија за настан во кој што и самиот Петковски не веруваше но по партиска задача читаше напишан текст од кујната на МВРО. Срамно и безобразно продолжуваа со приказната, а сега ќе мора да се извинат, бидејќи вистината е една, а таа секогаш излегува на површина.
Секако, ќе го расчистам случајот до крај и одговорност и за насилниците но пред се за инволвираните од страна на мвр ќе има по сите основи“, објави Димитриевски.

Димитриевски тврдеше дека тој бил нападнат од неуниформирани полицајци, кои во алкохолизирана состојба сакале да се пресметаат со него, додека го славел роденденот на сопругата во кумановската кафана. Од друга страна пак првичниот записник на МВР го тврдеше спротивното.

МВР го потврди инцидентот, но не наведе дали биле инволвирани полицајци. Според МВР, Димитриевски првично не бил оштетена страна, туку тој нападнал друго лице. Полицијата дури и најави мерки против тогашниот пратеник на СДСМ.

„Во секторот за внатрешни работи се јавило лицето З.А. кој пријавил дека во локалот Палас неговиот син бил физички нападнат од страна на М.Д. од Куманово. По преземање на потребните мерки и активности обезбедени се лица сведоци кои биле присутни за време на настанот и го потврдуваат истиот. Настанот е расчистен и против сторителот М.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – соопштија тогаш од МВР



Можеби ќе ве интересира

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер