02 Декември, 2024
0.0353

Мал интерес за субвенционираните земјоделски кредити, искористени се само третина од парите

Објавено во: Агробизнис 11 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Само три милиони евра од вкупно достапните 10,7 милиони евра од евтините кредити за агробизнисот се повлечени за шест месеци. Откако во јули минатата година Владата обезбеди субвенционирани кредити за земјоделските претпријатија со камата од 3%, досега се повлечени помалку од една третина од парите. Иако од Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) преку која се пласираат овие кредитите велат дека од стартот на сезонското примарно производство во март и април се очекува да поголема искористеност на ефтините кредити за агробизнисот, земјоделците на терен велат дека малку се информирани за условите на оваа кредитна линија, а оние кои што се информирани велат дека ретко кој може да ги исполни бараните услови. “Треба да има евтини кредити за земјоделците. Пченката не ми е продадена од ланската реколта, а треба да набавам ѓубре да фрлам. И што ќе направам пари од каде?“ изјави Васко Јончиќ, земјоделец. Момчило Ивановски, сопственик на фабриката Бонум вели дека на преработувачите им е неопходен  полесен пристап до обртни средства, посебно во услови на криза и намалена побарувачка од странство. „Со суровини оваа година бевме добри. Најголем проблем ни е пристапот до обртни средства. Ова што ни го нуди МБПР не е доволно, бидејќи бара да заложиме недвижен имот како гаранција, а тој веќе ни е заложен кај комерцијалните банки“, вели тој. Само 10 компании земале евтини кредити Од МБПР пак информираат дека од јуни, откога е достапна оваа кредитна линија, па заклучно до јануари се одобрени 10 кредити во износ од три милиони евра, а осум барања се во фаза на обработка. Намената на средствата за одобрените барања се за преработка на грозје, зеленчук житни култури, индустриски култури и преработка на месо. Од банката велат дека по неодамнешната одлука на Владата за проширување на кредитната линија, сега освен за преработка и извоз на земјоделски производи, кредитите можат да се користат и за примарното земјоделско производство, односно за набавка на основни и обртни средства за растително и сточарско производство, како и за нова погонска приклучна механизација. “ Имајќи ја во предвид природата за секторот , беше одлучено да се излезе во пресрет на производителите и да се овозможи продолжување на наменското искористување на средствата од 30 на 90 денови, а исто така се овозможи и финансирање на ретроактивни набавки до 90 денови сметано од денот на аплицирање“ велат од МБПР. Кредитната линија е наменета за претпријатијата кои се занимаваат со производство, откуп и пласман на земјоделски производи, а целта е да им се помогне на компании во услови на криза. Достапна за фирмите е од јули годинава. Средствата ги обезбеди Владата преку докапитализација на МБПР и се пласираат директно преку оваа банка, а не преку комерцијалните банки. Каматната стапка е само 3%, рок на отплата од пет години и грејс-период од една година за набавка на основни средства и до година и пол со три месеци грејс период за набавка на обртни средства.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.