Мал зрак оптимизам во Ломбардија, први знаци на намалување на заразата
Објавено во: Свет, Корона Вирус 16 Март, 2020 14:59
Гувернерот на италијанскиот регион Ломбардија, Атилио Фонтана, каде се
уште е жариштето на коронавирусот, со мала доза на оптимизам изјави дека
епидемијата на Ковид-19 од денеска почнала да покажува први знаци
на евентуално намалување.
И покрај големиот број на смртни случаи, тој наведе дека има причина за оптимизам, бидејќи новите случаи на зараза почнале да се покажуваат побавно.
– Се уште не сум ја видел официјалната статистика, но можеме да видиме мали чекори напред. Порастот на нови случаи не е толку голем како пред два, три дена. Се надеваме дека ова е почеток на пресвртот, изјави Фонтана, наведувајќи дека промената ќе биде забележана во следните неколку денови.
Во регионот, каде се наоѓа и финансискиот центар Милано, досега починаа 1.218 луѓе, а само ноќта помеѓу саботата и неделата регистрирани се 252 смртни случаи.
Истовремено, италијанскиот премиер Џузепе Конте во интервју за „Кориере дела Сера“ изјави дела епидемијата се влошува ширум Италија и дека начниците тврдат дека епидемијата се уште не го достигнала врвот. Според него,следните недели се ризични
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат
Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД
БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!
РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република
OВА Е НАЈПРЕНАТРУПАНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ: На секој жител има по 3 туристи





