Maла држава, големи амбиции, Светска банка предвидува динамичен економски раст на Црна Гора!
Објавено во: Балкан 25 Мај, 2013 08:40
Во извештајот се заклучува дека со цел да се забрза растот во следните децении, Црна Гора треба да се префрли кон поголема продуктивност-базирана на политики кои поддржуваат знаења и вештини, како и на одржливост во фискалната политика и финансискиот сектор.
Подобрување на вештините е долгорочна борба за Црна Гора, чија работна сила сега се соочува со предизвиците на многу поконкурентни меѓународни економии. Со оглед на нејзината тековната задолженост, Црна Гора мора да го реши проблемот со слабостите преку фискална консолидација и намалување на јавниот и надворешениот долг, поддржани од страна на веродостојни правила, за да се обезбеди фискална дисциплина.
Во иднина, Црна Гора мора значително да ја подобри својата поврзаност со регионалните и светските пазари. Со 11 проценти од БДП во 2011 година, Црна Гора има една од најниските стапки на извоз на стоки по БДП во светот. Кога во ова ќе се вклучат и услугите , тој сооднос е само 35 проценти во последниве години. Но, ова е спротивно со други успешни мали економии, каде што соодносот е 70-85 проценти .
"Црна Гора е возбудлива, брзо-растечки туристичка дестинација, и таа има изобилство од потенцијал за да биде одлично место за бизнис", вели Жељко Богетич, водечки економист и главен автор на извештајот на Светската банка.
"Таа е добро позиционирана во Европа за да се интегрира во регионалните и глобалните пазари. За жал, земјата се уште не ги искористува целосно овие целосно овие можности. "
Во земјите од Западен Балкан, може многу да се направи за понатамошно подобрување на инвестиционата клима. Црна Гора постојано дава резултати и во однос на условите за бизнис е втора по ред најдобра, веднаш по Македонија. Сепак во извештајот се посочува дека е потребна зголемена флексибилност во делот на земјиштето и пазарот на труд , како и подобро спроведување на договорите. Тоа се области каде е потребно натамошно подобрување.
Општиот заклучок од извештајот е оптимистички: ако Црна Гора енергично ја брани политичката агенда за зајакнување на одржливоста, конекција, и флексибилност, може да има значителна корист од повисок и посилен раст, поголема вработеност и подобар животен стандард за своите граѓани.
Црна Гoра - економски лидер во Југоисточна Европа
Иако Црна Гора е економски лидер меѓу земјите во Југоисточна Европа во текот на последната деценија, сепак сега заглави со економски раст и стагнација во создавање на работни места, што може да ја нарушат способноста на земјата да продолжи со економскиот напредок.
Бруто националниот приход е тројно зголемен во Црна Гора, од 2003 година - се издига од $ 2400 до 7160 $ - со што земјата сега има највисок приход по жител меѓу шесте земји од Југоисточна Европа - Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Понатаму, сиромаштијата во земјата се намали од 11,3 проценти во 2005-на 9,3 проценти во 2011 година (последната година податоците не беа достапени) .
Сепак, како што светската рецесија продолжува таа има влијание врз економските текови во земјата. По кредитниот потрошувачки бум и бумот со пазарот на недвижности помеѓу 2006-2008 година, реалниот бруто домашниот производ (БДП) падна за речиси 6 отсто во 2009 година , а веќе во 2012 година влезе во рецесија. Невработеноста од 20 отсто - останува многу висока. Јасно е дека глобалната економија сега се префрли и Црна Гора треба да започне адаптација на оваа нова глобалната економска сцена ако сака да се врати на економските придобивки од пред кризните години.
Црна Гора треба да се фокусира на зголемување на економскиот раст во земјата. Повисок раст - дури и мало зголемување - може значително да го подобри животниот стандард во земјата ако е одржан во текот на подолг временски период. Прашањето за тоа како да се постигне овој раст, сепак, останува.
До сега, Црна Гора го следи економскиот раст нагласувајќи ги странските директни инвестиции (СДИ), и стабилно снабдување на ефтин капитал. Растот на продуктивноста во Црна Гора, од друга страна, е практично непостоечки. Додека овој модел се покажа како ефективен во годините што доведоа до 2008 година, економските шокови од тековната криза сега ги покажуваат слабостите на овој модел, истакнувајќи ја при тоа потребата на Црна Гора да ги прилагоди нејзините економски политики.
Што се треба да направи Црна Гора
Да ја зголеми продуктивноста, која ќе и обезбеди одржлив раст. А, клучот за овој раст се знаење, вештини и образование. Понатаму неопходни се фискални реформи, како и подобрувања во банкарскиот систем..
Стратешки инвестиции во ИКТ инфраструктурата и вештини поврзани особено во широкопојасниот интернет.
Извоз
Потоа промоција на извозот со цел да се подобри севкупната поврзаност со регионот, како и на глобалниот пазар, и земјата треба да направи извозот да биде врвен приоритет. Притоа, Црна Гора, исто така, треба да работи да се уништат останатите трговските бариери, да се обезбеди широк извоз сертификација во приватниот сектор, како и привлекување на извозно ориентирани странски директни инвестиции (СДИ).
Конекција
Неопходно е подобрување на транспортната и енергетската конекција. Долгорочна одржливост бара Црна Гора да започне со фокусирање на квалитетот на нивните патишта, севкупното поврзување Север-Југ со коридори, безбедноста на патиштата и подобрување на железничките врски. Овие подобрувања во транспортот треба да се спроведат во тандем со подобрена енергетска конекција .
Инвестиции
Многу проблематични области во инвестициската клима се поврзани градежната индустрија, неформалниот сектор, останатите трговските бариери, како и влијанието на локални такси и даноци за инвестиции. Треба да се намали цената за влез и работа во градежништвото и домувањето.
Спроведување на флексибилена агенда што ја намалува бирократијата и реформите во оданочување ќе имаа позтивни ефекти врз Црна Гора во годините што доаѓаат.
Подобрувања се потребни и во намалување на бариерите за претпримништво, оптимизирање на едношалтерскиот систем за бизнисите, а намалување на цената на градежни дозволи.
Работни места
Со цел да се искоренат дестимулативни мерки за создавање работни места во земјата, треба да се елиминира максималното времетраење на договорите на определено, постепено се зголеми раната возраст за пензионирање, и намалување на социјалните осигурување и промена на даночното оптоварување на потрошувачката даноци.
С.Н
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





