Maла земја ги вакцинираше сите жители и се врати во нормала
Објавено во: Свет, Корона Вирус 19 Март, 2021
Гибралтар e земја која ги вакцинираше сите граѓани против коронавирусот и многу сектори се вратија во нормала.
Оваа британската колонија која граничи со Шпанија, ги вакцинирала сите свои полнолетни граѓани, кои сакале да ја примат вакцината против коронавирусот, објави британскиот министер за здравство Мет Хенкок. Територијата, која има околу 30.000 жители, во тој процес имала две клучни предности во однос на другите земји – големината и постојаниот доток на вакцини од Британија. Државата ги вакцинираше илјадниците работници кои живеат во Шпанија, но секојдневно патуваат преку границата до Гибралтар. Досега во оваа земја имало над 4.200 случаи на коронавирус и 94 починати.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.