19 Декември, 2025
0.0561

Малакса македонскиот оптимизам, политиката наплаќа арач од економијата!

Објавено во: Економија 07 Мај, 2016 09:45

Добивај вести на Viber

Претседателот на МАНУ, Таки Фити порачува дека ребаланс на буџетот ќе биде неминовен, особено ако политичката криза и натаму продолжи. Академик Фити предупредува дека е потребно да се запре со изгрба на споменици, да не се зголемуваат платите на администрацијата, но и да се инвестира во земјоделска инфраструктура, наместо да се маниупулира со субвенции кои и не стигнуваат до вистинските земјоделци. Претседателот на МАНУ, смета дека банкарскиот сектор во земјава е стабилен, штедачите да не се грижат за штедните влогови, но дека кредитите ќе поскапат. Тој додава и дека бројчаникот што го мери јавниот долг повторно ќе биде објавен откако ќе се доработи, а сите обвинувања што беа упатени до него и до МАНУ, вели дека зборувале за оние кои ги упатија таквите обвинувања.  Кога сте во политичка криза и кога очекувате и натаму лоши времиња, едноставно  инвеститорите, менаџерите и претпримачите не инвестираат. Домаќинствата не трошат. И во таква ситуација рецесијата нужно ќе дојде. Дури, јас посочував дека помалку се наивни дискусиите на голем број економиски аналитичари кои изминатиот период велеа дека Македонија има витална економија и дека ова нема ништо посебно да значи. Сега гледате во лоши времиња тој оптимизам малаксува и инвеститорите стануваат песимисти. Сега, веќе страда реалниот сектор на економијата. Гледате дека првите проекции за раст на  БДП во 2016 беа прилично оптимистички, и тоа се прогнозираше 3,7 %, потоа се намалија на 3,5%, а сега,  по она сценарио кое на еден или друг начин станува прилично реално,  ако не се реши брзо кризата, ние ќе завршиме со стапка на раст од 1,6%. И, дури и тоа ќе биде добро зависно како ќе се одвива кризата. Според тоа  политичката криза ќе си го земе својот данок кога станува збор за економијата. БАНКИТЕ СЕ СТАБИЛНИ, ШТЕДАЧИТЕ ДА НЕ СТРАВУВААТ, КРЕДИТИТЕ МОЖЕ ДА ПОСКАПАТ Наша среќа е што Македонија има стабилен финансиски систем, во кој доминират комерцијалните банки. Комерцијалните банки се навистина добро капитализирани, стабилни, силни јаки, работат по сериозна супервизија на НБРМ,  со стандарди што се општо меѓународно прифатени. Најголемиот дел се банки со странски капитал и со прилично добро развиено корпоративно управување. И, затоа мислам дека нема никаква опасност кога станува збор за штедните влогови, сеедно дали станува збор за денарски или странски валути. Банките се сигурни и во секој момент, штедачите може да си ги повратат своите штедни влогови,  да ги земат од банките. Имаше навала, но гледате дека работата полека се смирува. Кога луѓето ќе сфатат дека банките без проблем може да им ги отстапат штедните влогови тогаш кога тие ќе побараат, тогаш  граѓаните повторно ќе ги вратат штедните влогови во банките. Гувернерот Димитар Богов почна прво со убедување дека банките се добри. Тоа е сосема нормално и практика е во светот во ваква ситуација. И јас мислам дека нема никакви економски факти кои говорат во прилог на  девалвација. Тоа нема да се случи. Имаме високи девизни резерви, со кои може  секогаш да се интервенира  во ситуација кога се зголемува побарувачката за евра и поради тоа доаѓа пораст на вредноста на еврото, и намалување на вредноста на денарот. Сега се зголемени каматните стапки на благајничките записи. Може како мерка да се јави, (зависно како ќе оди ситуацијата), па да се промени и дисконтната каматна стапка, односно онаа каматна стапка по која НБРМ дава кредити на комерцијалните банки. И,  ако таа се зголеми апсолутно ќе поскапат кредитите што ги даваат комерцијалните банки. Друга работа се државните записи, таму ако се зголеми каматата со сите овие мерки, тоа ќе има одраз врз вкупната кошничка на каматни стапки. Е сега, тоа не е добро.Тоа ќе ги намали инвестициите, ќе намали агрегатна побарувачка, а тоа значи намалување на БДП. Но, велам дека сите граѓани што побрзаа да ги растурат своите денарски штедни влогови изгубија камата. Инаку, кредитите во оваа ситуација ќе поскапат. Тоа е она што мора сега да го плаќаат луѓето заради оваа паника што се крена. Сепак,  сугерирам нашите штедачи да бидат мирни. ПЛАТИТЕ НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА ДА НЕ СЕ ЗГОЛЕМУВААТ Ќе има потреба од ребаланс, бидејќи како ќе се намалува економската активност (ако продолжи кризата) тогаш и приливите во буџетот ќе се намалуваат. И, во таа ситуација ќе мора да има ребаланс. Нашите препораки се јасни. Мора да има финансиска консолидација, бидејќи со овие буџетски дефицит. Македонија не може нормално да функционира, бидејќи нашиот јавен долг веќе стана неодржлив, и тоа постојано го кажувам, иако ми се лутат од Владата, но има многу аргументи што тоа го потврдуваат. Според тоа мора да кратиме. Но, што да кратиме? Прво мора да се крати од непродуктивните трошоци. А имаме многу непродуктивни трошоци. Почнувајќи од вложувања во административни згради, споменици, кои и натаму се завршуваат, а не се приоритетни.  Има голем број на позции во буџетот каде може да се заштеди. Мора да се пресипита и политиката на субвенционирање во земјоделството. Економските истражувања покажуваат дека таквите мерки не даваат посебни резултати. Најдобра поддршка за земјоделците е ако одите на изградба на земјоделската инфраструктура, патишта и чистење на каналите. А, со субвенциите има сериозни проблеми. Често пати се нетранспарентни и одат во раце на оние кои не се земјоделци и има злоупотреби на тие средства. А многу е едноставно. Ако сакате да помогнете на земјоделците инвестирајте во инфраструктура, затоа што давате субвенции, но ако каналите не се исчистени што покажаа поплавите, се уништи родот. Џабе давате субвецнии. Направете инфраструктура. Не знам што ќе се случува со платите на јавната администрацијата.  Знаете дека тие се огромна буџетска ставка. И,  ако дојде сериозна ситуација не ќе можа да растат, туку едноставно да се намалуваат. Се разбира приоритет треба да останат крупните инфраструктурните проекти. Тука не треба да се крати. Треба добро да се испитаат позиците, и мислам дека тоа може да го напаравт во финансии затоа што таму има стручќњаци, но прашање на е политичка воља. БРОЈЧАНИКОТ ЗА ЈАВНИОТ ДОЛГ СЕ ДОРАБОТУВА И ЌЕ СЕ ВРАТИ НАЗАД Личните квалификации, што на моја адреса беа упатени по објавувањето на бројчаникот што го мери јавниот долг, како личност, посебно не ме загрижија. Тие што тоа го напишаа, нека им е случи на чест, затоа што тие немаат компетенција да оценуваат универзитетски професори и академици. Тие  квалитети ги оценуваат други. Но, тоа што МАНУ беше прогласена за клон на Сосор,  зборува повеќе за тоа што тие го кажаа а помалку за МАНУ. Бројчаникот направи врева без потреба. Бројчаникот сшто го мери јавниот долг, беше направен во рамките на истражувачки проект. Секој академик во рамките на истражувањето може да напише,  да објави нешто. Тие имаат полна автономија, и не мора да го прашаат претседателот на МАНУ.  Но, кога се крена врева, го видов бројчаникот, и генерално бројките беа коректни затоа што се земени од министерството за финансии, НБРМ, и од Светска  банка . Тоа е се во ред. Но, бидејќи е предизборен период,( иако сега се работи на комплетирање на тој бројчаник) не верувам дека тие сега тоа во предизборен период ќе го објават, но велам дека работат на докомлетирање. Но ете, има друг бројчаник кој функционира. Па тоа го има во цел свет. Некаде е псотавен во центрите на градовите. Го извадивме тој бројчаник за да го докмлетираме,  иако тоа не го објави МАНУ , јас не ги осудив тие што го објавија, затоа што не се невистинити податоците, иако може имаше неусогласеност затоа што овие од владата се бунеа дека треба да се земе поголем Бруто- домашен производ. Но, таму се земаа бројките што постоеја во министерството за финансии и во Светска банка. Така што тоа беше само едно добронамерно предупредување, за Владата затоа што една ваква динамика на јавниот долг е едноставно неодржлива.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд