19 Декември, 2025
0.0652

МАЛАТА АЛИС ПОЧИНА НА ЛИЦЕ МЕСТО ПО КРВОЛОЧЕН НАПАД ОД КУЧЕ: Соседите стaваат играчки и цвеќиња во дворот

Објавено во: Свет 01 Февруари, 2023 12:22

Добивај вести на Viber

Четиригодишно девојче од Велика Британија починало откако било нападнато од куче. Полицијата била повикана во Милтон Кејнс вчера попладне по дојавите за куче кое нападнало дете во задниот двор од една куќа.

Девојчето починало веднаш на лице место, а кучето било успиено, пренесува Sky News.

„Ова е апсолутно трагичен инцидент каде што веруваме дека едно дете е убиено откако било нападнато од куче. Ова е почетната фаза на истрагата и сакаме да ги увериме луѓето дека во овој момент нема опасност за пошироката јавност“, рече Шефот Мет Буливант.

Соседите го слушнале очајниот плач на мајката, а животното го опишуваат како „големо кафено куче“ кое семејството го има од пред неколку недели. Тој рече дека „го виделе само во куќата“. Сведочат и дека ги слушналеочајничните врисоци на мајката откако нејзината ќерка беше убиена од кучето, додека други рекоа дека семејството го купило миленикот пред околу шест недели.

„Ја слушнав како вика: „Таа е мртва! Таа е мртва!“, рече еден сосед.

Малата Алис Стоунс починала откако во вторникот попладне била нападната од куче во задниот двор од семејната куќа во Милтон Кејнс. Вооружена полиција упаднала во куќата, каде што се верува дека го опколиле кучето и го заспале, пишува Дејли мејл.

Додека истрагата продолжува, властите велат дека сè уште никој не е уапсен во врска со инцидентот. Од полицијата додаваат дека во инцидентот нема повредени и дека специјалците му пружаат помош на семејството.

Полицијата синоќа потврди дека кучето веднаш билохумано неутрализирано. 


Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ