17 Декември, 2025
0.0430

Малата Црна Гора го воодушеви светот

Објавено во: Балкан 15 Октомври, 2014 08:23

Добивај вести на Viber

Малата Црна Гора - една од најновите земји во Европа, го привлекува вниманието и на туристите, и на сериозни инвеститори. Градежниците се натпреваруваат да градат терени за голф, пристаништа, домување и хотели, со кои да го привлекуваат вниманието на меѓународната публика, пишува интернет изданието worldpropertyjournal.com. Црна Гора - една од бисерите на Јадранот, е мала земја со население од само околу 650 илјади луѓе, но богата со природни убавини и архитектонски споменици. Во земјата има пет национални паркови, ски летувалишта, а градот Котор е во листата со светското културно наследство на УНЕСКО. Токму Которскиот залив привлекува и најголемо меѓународно внимание, посочува весникот. Уште во 60-тите години на минатиот век, регионот делува како дестинација за одмор на личности и омилено место за Софија Лорен и Елизабет Тејлор. Конфликтот на Балканот во 90-тите години, сепак го засени сјајот на крајбрежјето. По неколку години на пад во 2006 година Црна Гора прогласи независност од Србија и денес земјата, која го користи еврото како своја валута, е кандидат за членство во Европската унија (ЕУ) и НАТО. Туризмот на Црна Гора се врати со брзо темпо и цвета. Посетителите од Европа и Русија придонесоа туризмот да стане најбрзо растечка индустрија во земјата, како приходите во секторот се зголемуваат со околу 17% годишно. Меѓународните брендови доста добро се користат од популарноста на земјата. Луксузни хотели таму отворија хотелската азиска компанија Aman и Regent Hotel, а во наредните години се очекуваат и хотелите на One & Only и Four Seasons. Се повеќе се засилува и интересот на купувачите на втор дом во Црна Гора, како и на сопствениците на јахти. Земјата освен тоа е во близина на Венеција, Хрватска и Крф, што дава дополнителни можности за туристите и сопствениците на викендички. Првиот луксузен проект во Которскиот залив - Porto Montenegro, е еден од примерите што може да се постигне во областа на туризмот. Трансформацијата на поранешното воено бродоградилиште започна во 2007 година, а три години подоцна отвори врати како луксузен комплекс со импресивно пристаниште кое е исклучително популарно. Таа има капацитет да ја прифати и најдолгата јахта во светот, а се планира проширување со уште 70 места за суперјахти. Еден понов, но не помалку амбициозен проект е Lŭstica Bay. Египетската градежна компанија Orascom планира да изгради цел еден нов град во наредните 15 години со седум хотели, две пристаништа, голф, меѓународно училиште, продавници и ресторани. Првата фаза од комплексот е веќе подготвена. Во обид да го охрабри пазарот на имот Владата на Црна Гора ги минимизира трошоците за купување на станови во нова градба. При препродажба на имот пак се должни данок од само 3%. Официјалните статистички податоци покажуваат дека цените на недвижностите се намалија за 0,7% во вториот квартал во споредба со првиот. Истовремено продадените новоизградени станови и куќи се зголемиле за речиси 17 отсто - доказ за силна побарувачката. K.K.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни