05 Декември, 2025
0.1336

Малер ги бие Чебрен и Галиште, ќе донесе ли среќа десетиот обид за изградба на овој митски проект?

Објавено во: Анализа, Македонија 19 Октомври, 2013 21:17

Добивај вести на Viber

Експертите објаснуваат дека Чебрен и Галиште се значајни не само за земјава, туку и за регионот, бидејќи ќе претставуваат еден од најголемите резервоари за вода. Годишното производство на овие електрани се проценува на 1.100 гигават-часови струја, што е речиси половина од потребите за струја на земјава кои се задоволуваат од вода. Сепак, без Галиште грандиозноста на овој проект се намалува. Колку фирми досега беа заинтересирани и што беше проблемот? Инаку на досегашните тендери се јавија и една турска фирма, грчката компанија ППЦ и македонската компанија Балкан енерџи груп (фирма која во енергетските кругови се поврзува со  руската компанија Синтес Груп, сопственик на термоелектраната ТЕ-ТО во Скопје. Но ниту една од нив досега не достави понуда до крајниот рок. Која е причината за неуспехот на Владата во изнаоѓање инвеститор од Владата досега не се објаснуваше. Експертите предупредуваа дека проблемот е во предимензионираноста на објектите. Дали и како сега, без Галиште, нешто ќе се смени и дали ќе се подигне атрактивноста, допрва треба да се види. Ќе се разбие ли малерот? Владата наскоро ќе го објави новиот, десетти по ред  тендер за реализација на проектот за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште на Црна Река. Јавниот повик ќе биде објавен во домашните и во еден странски весник. - Условите на новиот јавен повик за реализација на постапката за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река, познат како ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште, се на некој начин балансирани помеѓу потребите на државата и барањата на идните концесионери – рече министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми, на денешната прес-конференција во Владата. Овојпат условите се флексибилни, им се остава простор на инвеститорите сами да ја утврдат висинита на браната, како би станал поатрактивен проектот. Исто така, се предвидува да се овозможи изградба на прибранска хидроцентрала на браната Орлов Камен со која нема да биде оневозможено градењето на ХЕЦ Галиште во иднина. Минималниот процент кој идниот концесионер треба да го понуди за АД ЕЛЕМ во заедничката компанија да не биде под 35 отсто. Кога ХЕЦ Чебрен ќе работи со пумпен режим цената за пренос на електрична енергија која се плаќа на АД МЕПСО да биде фиксна и да важи за целиот концесиски период на ниво од тарифата за 2013 година определена во висина од 4,4 евра по мегават-час – рече Адеми и додаде дека ХЕЦ Тиквеш ќе се отстапи на концесионерот три месеци по потпишувањето на договорот за концесија. Тешко оди со енергетските проекти Изградбата на Чебрен и Галиште е еден од најмалерозните проекти на сите досегашни Влади, кој ја покажува немоќта на властите во справувањето со енергетските проблеми. Во земјава за 20 години транзиција се изградија се на се две големи хидроелектрани, Козјак и св. Петка, а нема ниту една нова термоцентрала, ниту пак се модернизираше Тец Неготино, иако и тоа неколку пати се најавуваше. Во исто време стотици милиони евра годишно се одлеваат за увоз на струја. Р.Ф.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени