Малески за Фактор: Голем ден за нас, Балканот ќе внесе посебна енергија во ЕУ
Објавено во: Македонија 24 Март, 2020 16:34
Сепак и покрај се, ова е голем ден за нашата држава, вели за Фактор професорот Денко Малески, поранешен министер за надворешни работи, дипломат. Во услови на своевидна психолошка криза, пандемија, раст на бројот на заболени, вели Малески, моментотот на соопштената одлука е тежок. Долгорочно нема дилеми одлуката има исклучително значање за Македонија и е една од најважните одлуки во историјата на државата.
„Моментот е тежок и за поединците и за колективите односно за државите. Во светлината на опасноста за здравјето секако се менува вредносната скала. Она што било важно до вчера, сега има помала важност, многу помала од здравјето. Сепак долгорочно ова е многу важен ден за Македонија, вели Малески.
Додава дека она на што не научи епидемијата, сите нас во Европа е дека сите сме во еден чамец, каде што впрочем е и целиот свет.
„Нашиот пат е преку обеднување на државните граници. Ние од Блаканот ќе дадеме нова енергија во тој наднационален проект кој секако почна да се реализира по една голема трагедија односно по Втората светска војна, вели професорот.
Смета дека Македонија ќе има значајни придобивки.
„Ако ова нешто ни кажува е дека Европа е недоволна сама за себе а камоли само за националните држави. Сама нема да ги решава сите проблеми на земјите оти има многу проблеми во овојмилениум. Оваа епдиемија на научи дека во иднина имаме други приоритети и дека во треба да обрнеме поголемо вниамние на тие предизвици. За нас е е почеток и интеграција во еден фантастичен проект - во Унијата каде нациите пренесуваат дел од својот суверинитет за да можат поуспешно да се справат со нивните предизвици, вели Малески.
А.Т.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез





