19 Декември, 2025
0.0524

Малезија објави аудио снимки од исчезнатиот авион – експерти тврдат дека се „дотерувани“

Објавено во: Свет 02 Мај, 2014 19:48

Добивај вести на Viber

Аудио снимките од разговорите на пилотот на исчезнатиот малезиски авион МХ 370 и контролата на летање беа објавени вчера, од страна на малезиската Влада, но веднаш предизвикаа полемики за нивната веродостојност. Аналитичари кои ги преслушуваче снимките заклучиле дека тие имаат најмалку два извора, од кои едниот би можел да биде дигитален снимач потпрен на звучник. Во текот на разговорот, аналитичарите откриле и најмалку четири „чисти“ паузи заради што се сомневаат дека некој ги „дотерувал“ снимките. „Многу чудна работа... Отприлика на 1:14 минути од снимката звучи точно како некој да држи дигитален снимач до звучник и преснимува делови. Тоа може да биде алармантно бидејќи значи дека некој ги уредувал снимките и дека тие не се автентични“, рекол аудио-видео форензичарот Ед Примоу за Ен-Би-Си. Друг експерт Кент Гибсон исто така открил некои моменти кои му се спорни и ја доведуваат во прашање автентичноста на снимката. „На 4:07 минути се слуша вртење на страници и дишење, што е прилично необично. Имено, може да се чуе „клик“ кога ќе се притисне типката на микрофонот, но вообичаено е во позадина да не се слупа ништо друго“, појаснува тој. Според Гибсон, снимките упатуваат дека „или малезиските власти или некој друг ги преуредувале записите поради некоја причина и дека пилотот веројатно кажал нешто или навестил нешто што не им одговарало да се знае“. „Може тоа да се случило од невнимание и да нема врска со самата истрага за исчезнувањето, но тоа секако не е начин на кој треба да се постапува со доказен материјал“, смета Гибсон. Малезискиот авион МХ370 со 239 патници и членови на екипажот исчезна на 8-ми март на летот Куала Лумпур-Пекинг и од тогаш му е загубена секаква трага.  

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците