Малезиски стопанственици ќе ја посетат Македонија
Објавено во: Економија 25 Март, 2013 11:12
Делегација на малезиски стопанственици во текот на годинава ќе ја посетат Македонија со цел да се запознаат со условите за инвестирање и за соработка со македонските компании.
Ова е начелно договорено на средбите што во Куала Лумпур ги оствари директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида со претседателот и потпретседателот на Малезиската стопанска комора. На состаноците присуствуваше и македонскиот промотор во Малезија, Тони Атанасовски.
Средбите се реализирани на маргините на 2-от Глобален самит за слободни економски зони што се одржува во Куала Лумпур, а на кој учествува Висар Фида.
Во Малезија, директорот на Агенцијата и промоторот во Малезија остварија средби и со владини претставници и неколку малезиски компании од областа на електрониката, инфраструктурата и логистиката.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




