05 Декември, 2025
0.0270

Малку напред, малку назад, економијата доби преодна оценка!

Објавено во: Економија 10 Октомври, 2012 19:18

Добивај вести на Viber

Македонија ја задржа препораката за почеток на преговори со Унијата. Извештајот за економскиот напредок нотираше од мал и умерен до позначаен напредок во различни области, но остануваат уште многу предизвици. Невработеност: Заклучок - ГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК ЗА ЗЕМЈАТА Мал напредок е постигнат но многу високата невработеност останува голем предизвик, особено во однос на жените и младите луѓе. Социјалниот дијалог е подобрен, но улогата на социјалните партнери треба да бидат дополнително зајакнати. Сиромаштијата е се уште голема и вклучувањето на Ромите, лицата со инвалидитет и другите социјално исклучени лица е ограничен. Дополнителни напори за антидискриминација се потребни. Целокупната административниот капацитет треба значително да се зајакне. Генералнио подготовките во оваа област не се многу напреднати.

Корупција:

Заклучок - ОСТАНУВА ПРОБЛЕМ ЗА ДРЖАВАТА Европската комисја забележала дека, генерално, функционирањето на правниот систем се подобрува но сепак, слабости поврзани со долгите процедури, корупција и тешко спроведување на договорите  продолжува да ја попречува бизнис средина. Следењето на извештаите на Државниот завод за ревизија од страна на Собранието е несоодветно а Брисел исто така нотира недостиг на  владини механизми за да се остранат  нерегуларноститите регистрирани во извештаите на ревизорите. Макроекономија: Заклучок - МАЛ НАПРЕДОК Има мал нов напредок во економската и монетарната политика. Монетарната политика дополнително беше подобрена, поради одлуките на Централната банка. Генерално,  во областа на економската и монетарната политика, земјата е напредната. Финансии: Заклучок - УМЕРЕН НАПРЕДОК Постигнат е напредок во областа на финансиските услуги, особено кај банкарството, осигурувањето и хартиите од вредност. Останува да се постигне усогласување со клучните европски критериуми во областа на финансиската пазарна инфраструктура. Генерално, во областа на финансиските услуги, усогласување со европските криетериуми се умерено напреднати. Земјоделството: Заклучок - ЗАГРИЖУВА АДМИНИСТРАТИВНИОТ КАПАЦИТЕТ Постигнат е одреден напредок во областа на земјоделството и руралниот развој. Потребно е понатамошно усогласување со европските критериуми. Загрижува административниот капацитет во секторот.  Севкупно, подготовките остануваат умерено напреднати. Оданочување: Заклучок - ОГРАНИЧЕН НАПРЕДОК Постигнат е ограничен напредок во областа на оданочувањето.  Потребно е усогласување на националното законодавство со европските критериуми, за да се зајакне борбата против даночните измами и даночно затајување. Севкупно, подготовките во областа на оданочувањето се умерено напреднати. Енергетика: Заклучок - НЕ СЕ ДОНЕСЕНИ СИТЕ АКТИ Постигнат е одреден напредок во енергетскиот сектор, особено во донесувањето на законодавството и неговото спроведување. Сепак голем број на акти сè уште не се донесени. Целосна либерализација на електрична енергија и природен гас допрва треба да се постигне. Забележлив е напредок кај обновливите извори на енергија. Подготовките во оваа област се умерено напреднати. Транспорт : Заклучок - ПОТРЕБНО Е ПОДОБРУВАЊЕ Имаше малку нов напредок во транспортната политика. Во патниот сообраќај имаше одреден напредок во усогласување со европските критериуми, но за безбедноста на патиштата потребно е понатамошно подобрување. Железничкото законодавство треба сеуште да се усогласува со ЕУ критериумите. Севкупно, подготовките во оваа област се умерено напреднати.      

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања